Home / аларм / Никако не се сончајте ако ги земате овие лекови или користите вакви препарати

Никако не се сончајте ако ги земате овие лекови или користите вакви препарати

Доколку користите поедини антибиотици, анти-бејби пилули или сте на терапија на коритиостероиди, а сте планирале летување, консултирајте се со својот лекар.

Парфеми, дезодоранси, пилинзи и други козметички препарати во комбинација со сончевите зраци, можат да предизвикаат бурна реакција на кожата, како што е осипи, облици на ситни меурчиња, пликови, лупење на кожата и силно чешање.

Вообичаено е правилото дека болните што земаат лекови со претпазливост се изложуваат на сонцето или дека во потполност треба да го избегнуваат. Таквиот совет зависи од здравствената состојба, основната болест и од примената на лековите.

Suncanje-lekoviЛекот делува како фотосензибилна материја, која доведува до промени на кожата, кои без негова примена со потполно исто изложување на ултравиолетовите зраци не би се појавиле.

Во случај на примена на одредени лекови, изложувањето на сонце или на други извори на УВ-зраци може да предизвика посебен вид реакција, која се нарекува фотосензитивност. Станува збор за зголемена чувствителност на кожата на сонце, која настанува како последица на комбинацијата на одреден лек и сонцето. Доаѓа до реакција што се манифестира со воспаление и црвенило на кожата, која тогаш изгледа како вообичаена изгореница од сонце.

Таквата реакција може да биде фототоксична или фотоалергиска. Почеста е фототоксичната реакција, кога лекот се активира поради изложувањето на сонце што доведува до оштетување на кожата. Реакцијата нема да се повтори по отстранувањето на одговорниот лек. За разлика од фототоксичната реакција, фотоалергиската реакција настанува поради промена на структурата на лекот поради делувањето на сончевата светлина на изложените делови на кожата. На тој начин со сонцето променетиот лек станува противтело во кожата кое предизвикува алергиски одговор со воспаление и егзема на изложените делови на кожата. Обично станува збор за долготрајна промена, која може да се повтори и откако кожата повторно ќе се изложи на сонцето и без присуство на лекот.

Alergija1Фотоалергиската реакција почесто се јавува по локална примена на одредени состојки на кожата, а тоа можат да бидат различни парфеми, сапуни, козметички производи и кремови за заштита од сонце. Тоа секако не значи дека не треба да ги користиме, туку нивната честа употреба може да предизвика и такви реакции и треба да ги препознаете. Лековите и сончањето не се добра комбинација и затоа треба да бидете свесни за можните оштетувања на кожата.

Превентивни мерки што треба да ги преземете се: избегнувајте да се изложувате на сонцето, задолжително носете заштитна облека и употребувајте кремови со висок заштитен фактор. Во случај на појава на таквите интензивни реакции, треба да ја стопирате употребата на лекот што ја предизвикал реакцијата и да се советувате со лекар поради соодветно лекување.Во групата лекови за кои постојат податоци дека можат да предизвикаат фотосензитивна реакција се наоѓаат повеќе од 50 лекови.

alergija-na-sunce-1376295436-351555– антимикробни лекови- лекови за лекување алергија, односно антихистаминици,

– лекови за лекување карцином,

– лекови за болести на срцето,

– диуретици,

– нестероидни противвоспалителни лекови,

– лекови за лекување акни,

– лекови за депресија,

– лекови за намалување на крвниот притисок.

Секако, не сите лекови од овие групи можат да предизвикаат несакани алергиски реакции доколку се изложувате на сонце. Важно е да бидете претпазливи и да се консултирате со вашиот лекар доколку користите лекови и се изложувате на сонце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top