Home / природен лек / Никако не ја фрлајте кората од крушите и јаболката – еве што се лечи

Никако не ја фрлајте кората од крушите и јаболката – еве што се лечи

Не фрлајте ги лушпите што сте ги излупиле од крушите и јаболката.

A19F8802D4FFDA42A921762F742A2F5F

Круша со просечна големина содржи околу 4 грама влакна и оти поголемиот дел се наоѓа во кората. А, исхраната богата со влакна, заклучиле стручњаците од Универзитетот во Ерусалим, го намалува ризикот од рак на дебелото црево.Најмногу влакна има во кората на крушата па најдобро е таа да не се лупи.

Латинскто име на крушата е Pyrus communis, а заедно со јаболкото и дуњата се вбројува во фамилијата ружи.

Крушата е богат извор на витамините Ц и К, бакар и растителни влакна. Витаминот Ц е познат борец против слободните радикали, а бакарот ги елиминира супероксидирачките радикали, додека влакната превентивно делуваат против ракот на дебелото црево.

krusa3

Една круша или 170 грама содржи: 3,98 грама влакна, 6,64 мг витамин Ц, 0,19 мг бакар, 7,47 мг витамин К и има само 97,94 калории. Крушите се идеален избор за лицата кои го усвоиле моделниот стил на живот, а со тоа се изложиле на стрес, динамичен и брз живот, исцрпеност и губиток на резервите на енергија.

Свежата куша е извонреден извор на растителни влакна, посебно на пектин. Круша со маса од 166 g осигурува 6 g растителни влакна, од кои околу 40% е пектин. Растителните влакна се битен елемент на здравата исхрана и помагаат во одржувањето на нивото на шеќерот и холестеролот во крвта и овозможуваат нормална функција на цревата и нивно редовно празнење.

Експертите го анализирале хемискиот состав на лушпата од јаболко и идентификувале фитохемикалии кои се докажан агенс против најмалку 3 вида рак, среќаван кај луѓето – на белите дробови, на дебелото црево и на црниот дроб.

Безброј анализи посветени на дејството на јаболкото ја докажуваат фразата – Едно јаболко дневно и не ви треба доктор!, што уште еднаш сведочи за тоа дека храната богата со овошје и зеленчук го намалува ризикот од рак, болести на срцето, диабет и уште многу други болести.

luspa kora jabolkoНутриционистите предлагаат годишно да изедете барем 30 до 40 килограми јаболка. Јаболкото го олеснува варењето на храната, а содржи многубројни корисни материи, кои го стимулираат одбранбениот систем на телото, го оневозможуваат таложењето на мастите во црниот, дроб и штитат од рак. Плодот содржи, покрај вода, и витамин А, Б и Ц, како и јаболкова, лимонова, мравја и карбонска киселина.

Свежото јаболко содржи доста пектини, кои во организмот ги впиваат водата и отровните продукти во цревата. На тој начин јаболкото ги отстранува отровите од организмот. Од минерали, јаболкото содржи фосфор и калиум, а во помали количини и железо и калциум. Еден килограм јаболка има 600 калории, колку што има калории и во еден литар млеко. Јаболката се разградува во желудникот за 15-20 минути. Ако се јаде во комбинација со друга храна, во желудникот таа се задржува и по неколку часа, па затоа е препорачливо да се јаде половина час пред главниот оброк или неколку часа по оброкот.

1. Во кората се наоѓаат повеќе влакна 

Јаболко со средна големина содржи 4,4 грама влакна. Без лушпа, ќе добие само 2,1 грам растителни влакна, што не е доволно за да се нарече добар извор на растителни влакна.

 2. Во лушпата се наоѓаат повеќе витамини

Јаболко со средна големина со лушпа содржи 8,4 милиграми витамин Ц и витамин А. А без лушпа јаболкото содржи само 6,4 милиграми витамин Ц.

luspa jabolka 2

3. Може да ги олеснат проблеми со дишењето 

Соединението кое помага при дишењето се нарекува кверцетин и се наоѓа главно во лушпата на јаболкото. Една студија заклучила дека луѓето кои јадат пет или повеќе јаболка неделно имаат поздрави бели дробови, отколку оние кои јадат помалку или не јадат воопшто.

4. Кверцетинот ја чува и вашата меморија

Овој антиоксиданс се бори против оштетувањата на мозочното ткиво, кои се поврзуваат со Алцхајмеровата болест и други слични болести, барем кај стаорците.

5. Лушпата може да го спречи и ракот

Студијата изведена во 2007 година на Универзитетот Корнел дојде до заклучок дека овие соединенија се нарекува терпени и кои се наоѓаат во кората на јаболкото се способни да спречат или да ги убијат клетките на ракот во лабораториски услови. Особено, овие соединенија се ефикасни против рак на црниот дроб, ракот на дебелото црево и ракот на дојката.

6. Едно јаболко со лушпа спречува таложење на килограми

Во лушпата се наоѓа и урзолинска киселина, важно соединение кое е од суштинско значење за борбата против дебелината. Урзолинската киселина ја зголемува мускулната маса, ги согорува калориите и на тој начин го намалува ризикот од прекумерна телесна тежина, барем кај глувците.

чај од кора на јаболко

ја стимулира стомачната функција, го регулира метаболизмот и ги ублажува болките кај артритис.

500-600мл вода

Лушпи од 5-6 средни по големина јаболка

Малку цимет

Ванила

Начин на подготовка:

Загрејте вода и штом зоврие – додадете ги лушпите од јаболка, циметот и малку ванила (по желба).

Намалете го огнот и оставете ги состојките да вријат 10-15 минути.

Чајот се пие 1-2 пати дневно, а ако не ви е доволно слатко – додадете мед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top