Home / нови лекови / Научниците тврдат: Хомеопатијата е само плацебо ефект

Научниците тврдат: Хомеопатијата е само плацебо ефект

Според најновите проценки на Советот за национално здравје и медицина во Австралија, алтернативната медицина не е успешна во лекување на хронични и други здравствени состојби. Советот утврдил дека нема доволно силни докази за тоа дали хомеопатскиот лек е поефикасен од шеќерните апчиња и другите плацебо лекови. Ваквиот став наишол на остри критики кај кокрисниците на овие производи.

Според резултатите на ова истражување, болестите како астма, мигрена, настинка и стрес, хомеопатските лекови не ги лекуваат ништо поефикасно од плацебо лековите, пренесува The Guardian.

hemoterapija1-630x378Но, хомеопатијата се покажала поуспешна од плацебо ефектот кога се работи за болести како што се ХИВ, хроничен умор, чирови и депресија.

Извршниот директор на на Советот за национално здравје и медицина, Варвик Андерсон, изјавил дека нема докази дека хомеопатијата е делотворна.

„Врз основа на оценката на доказите од ефективноста на хомеопатијата, ние заклучивме дека не постојат здравствени состојби за кои има доверливи докази дека хомеопатијата е делотворна. Луѓето кои се определуваат за хомеопатијата можат да го загрозат здравјето, затоа што не ги примениле соодветните лекови“, рекол тој.

Претседателот на Работниот комитет за хомеопатијата, професор Пол Гласзиу, кажал дека знае оти многу луѓе нема да се согласат со овој извештај, но се надевал дека ќе има многу разумни личности кои убаво ќе размислат за повторно продавање или користење на овие супстанции.

Но, разбирливо, со оа тврдење не се сложуваат хомеопатите. Тие велат дека не е точно дека хомеопатските лекови се подеднакво делотворни како плацебо ефектот, затоа што тогаш не би можеле да делуваат и кај животни и деца. Според нив, доколку хомеопатијата не е делотворна, некои земји како Канада и Индија не би ја прифатиле како регуларен начин на лекување во состав со својот здравствен систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top