Home / нови лекови / Научниците создадоа лек против ракот кој нуди доживотна заштита

Научниците создадоа лек против ракот кој нуди доживотна заштита

Лек кој докажано им помага на пациентите кои се болни од леукемија, исто така може да биде корисен за зголемување на стапките на преживување кај пациентите со рак на белите дробови, панкреасот, кожата и дојките.

labaratorijaЛекот работи на тој начин што го блокира производството на канцерогените ензими p100delta. Овој ензим го исклучува имунолошкоот систем на телото, и со тоа ја спречува способноста на пациентот да се бори со ракот.

За разлика од хемотерапијата, која ги убива клетките на ракот, овој лек е важен затоа што му дозволува на телото да го помни ракот, за во случај повторно да се појави, да започне од ново да се бори со болеста.

Професорот Барт Ванхауесеброек, од UCL Институтот за рак, го открил p100delta во 1997 година.

„Ќе работи до одреден степен самиот, ако туморот не е голем, но би бил навистина ефикасен после операција, за да спречи ширење“, вели тој.

Досега, тестовите биле изведени само на глувци, но научниците се надеваат дека ќе можат да ги тестираат и врз луѓето наскоро. Дадениот лек на глувците со рак на дојката резултирало со продолжен век, а глувците кои биле излекувани и потоа им бил даден ракот уште еднаш, преживеале.

Ова би можело да биде огромен напредок за истражување на ракот. Лекот веќе доби статус на „епохално откритие“ од Федералната агенција за лекови во Америка, со што се подигнуваат истражувачките напори на повисоко ниво.

Fakulteti.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top