Човечкото тело може да предвиди случки од иднината, покажуваат резултати од истражувањето објавено во весникот “Frontiers of Perception”.
„Потврдено е дека иднината може да се предвиди без никакви знакови“, вели Џул Моусбриџ, невролог и коавтор на оваа студија.
Многу други истражувања покажале дека некои физички реакции како забрзаното чукање на срцето, ширењето на зениците и активноста на мозокот, се менуваат 10 секунди пред луѓето да ја видат застрашувачката слика.
За да се увери во точноста на овие истражувања, Маусбриџ и нејзиниот тип анализирале повеќе вакви истражувања што укажало на тоа дека човечкото тело навистина подсвесно ја предчувствува иднината кога треба да се случи нешто важно.
„На пример, доколку сте брокер на берза, можете да го предвидите евентуалниот добиток 10секунди порано“ – објаснува Маусвриџ и додава дека ова истражување не е со цел да се докаже дека луѓето имаат надприродни или паранормални моќи.
Напротив тоа, авторката објаснува дека ова се „тие визии“ кои никој не ги разбира – кои се манифестираат низ реакциите на нашето тело според некои одредени природни закони кои се уште не ги разбираме. Меѓутоа, други се сомневаат дека визиите се реални воопшто.
„Постои статистички тренд дека научниците кои ги бараат, таканарелените „ефекти на визиите“ на крај ги наоѓаат“, изјави Руфин Ванрулен, научник од Центарот за истражување на мозокот, кој не учествува во истражувањето.
„Многу е голема веројатноста дека научниците се пристрасни во своите истражувања“ , вели Кајл Елиот Метјусон за Illinois University.