Home / природен лек / Направете си природен стик против потење

Направете си природен стик против потење

Дезодорансите се производи кои се прават на алкохолна или водена база, делуваат против бактерии и така ги спречуваат непријатните мириси. Но за да биде делотворен деозодрансот не мора да биде преполн со хемиски состојки – ако сакате природен и миризлив дезодоранс во стик која ја негува кожата и ги запира непријатните мириси – направете го сами!

oslobodete-se-od-neprijaten-miris-pri-potenje_600x400-600x350За природен стик потребни ви се:

– 6 до 8 лажици кокосово масло (во крута состојба)
– 1/4 шолјичка сода бикарбона
– 1/4 шолјичка пченкарен скроб

Приготвување:

1. Помешајте еднаква количина сода бикарбона и скроб.

2. Постепено додавајте кокосово масло и со лажица или со раце се добро измешајте.

3. Ако сите состојки добро се соединиле, би требало да добиете смеса слична на купечкиот стик – тврда, но која може да се размачкува, како мелем. Ако е смесата ретка, додадете уште скроб.

4. Со смесата наполнете апликатор од стар купечки дезодоранс во стик или наполнете сад со капаче и нанесувајте го стикот со прсти. Ставете го на кратко во фрижидер да се стврдне и подготвен е за употреба.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top