Home / аларм / Најлоша намирница: Лошо влијае на кожата, зглобовите и шеќерот во крвта

Најлоша намирница: Лошо влијае на кожата, зглобовите и шеќерот во крвта

Една намирница која ја има во речиси секој наш оброк, кај повеќето луѓе негативно влијае на кожата, зглобовите и шеќерот во крвта. Во прашање е пченицата! Пченицата која секојдневно ја конзумираме далеку е од вистинската пченица. Кога на некој од 18 век  би им дале од денешниот пченичен леб, тој едвај би го препознал, пишува „Dailyhealthpost“.

PCENICAПченица и проблеми со кожата

Јаглените хидрати во пченицата обично се сметаат за здрави поради својата сложеност. Сепак, тие се разбиваат во шеќери, кои доведуваат до зголемено ниво на инсулин и активирање на жлездите, па резултат на тоа се масна кожа и акни.

Како пченицата влијае на зглобовите

Милиони Американци најверојатно имаат алергија на пченицата, а за тоа и да не се свесни. Честите болки во зглобовите се појавуваат како последица на алергија која не е дијагностицирана. Според докторот Вилијам Дејвис, болките во зглобовите предизвикани од конзумирање пченица, најчесто се јавуваат во зглобовите на прстите.

Пченицата и шеќерот во крвта

Пченицата може лесно да делува на шеќерот во крвта. Како што веќе е споменето, пченицата која е полна со јаглени хидрати на крајот се претвара во шеќер. Што е уште полошто, пченицата е преполна со амилопектин, јаглени хидрати кои можат да го зголемат нивото на шеќерот во крвта повеќе отколку обичниот шеќер и можат да доведат до бројни други здравствени проблеми како што е дијабетисот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top