Home / алтернативна медицина / Најчудните домашни лекови НО навистина функционираат

Најчудните домашни лекови НО навистина функционираат

Вотката ја отстранува непријатната миризба од стапалата

Доколку имате проблем со непријатна миризба на вашите стапала, лесно ќе го решите со нивно пребришување со крпа натопена со вотка. Овој пијалак содржи алкохол и антисептик кој ги уништува бактериите и габичките кои предизвикуваат непријатна миризба и ја суши влажноста, со што не се дозволува развој на нови вакви организми.

Течноста за плакнење на устата ги отстранува габичките од нозете

noze-gabicki-1Доколку ги држите нозете во течност за плакнење на устата 15-20 минути, два пати на ден, ќе го решите проблемот со габични инфекции на ноктите на прстите на нозете. Оваа течност дезинфицира и делува антисептички, па затоа се користи за цела низа намени, од лечење на гонореа, до чистење на подови.

Исто така, ова е одлично решение за лечење плускавци – натопете го плускавецот 2-3 пати на ден за да се исуши.

Со јогурт против непријатен здив

Испитувањата покажуваат дека добрите бактерии кои се наоѓаат во јогуртот го намалуваат нивото на бактериите во организмот одговорни за непријатната миризба во устата. Кога ќе се создаде средина во која лошите бактерии не можат да преживеат, здивот почнува да мириса поблаго.

maslinovo-ulje2Маслиновото масло лечи егзема

Маслиновото масло е богато со витамин Е, што го прави одличен навлажнувач за кожата. Нанесете природно и нерафинирано маслиново масло на кожата после туширање, додека кожата ви е сè уште влажна. Маслиновото масло се задржува во влажноста и помага да се излечи екземата.

Доматите лекуваат акни

Доматите се богати со витамините Ц и А, антиоксиданси и киселина, така што можат да се користат за третман на разни помали кожни заболувања. Овој лек особено е погоден за масна кожа. Испасирајте еден мал домат и намачкајте ја добиената смеса на лицето. Оставете го да отстои еден час, а потоа исплакнете ја кожата со млака вода. Повторувајте ја оваа постапка секој ден во рок од една седмица.

guma-za-zvakanjeГумите за џвакање од пеперминт или цимет го олеснуваат стресот

Истражувањата покажуваат дека џвакањето на гума од пеперминт или цимет ја зголемува свесноста и го намалува заморот за 20 проценти. Испитаниците пријавиле 25 проценти помал степен на исфрустрираност, како и 30 проценти зголемена будност.

Самолепливата трака лечи кожни брадавици

Дали постои нешто што самолепливата трака не може да го направи? Некои велат дека нејзините способности одат до таму што може да ги излечи и несаканите брадавици кои се појавуваат на кожата.

samolepliva-trakaВообичаените болни процедури за оваа цел, кои вклучуваат горење, ласерска терапија, терапија со киселина и слично, имаат ефикасност од 60 проценти. Во споредба со тоа, безболната практика на нанесување на мало парче самолеплива трака се има докажано со 85-процентна ефикасност.

Нанесете мало парченце од оваа трака на местото каде ви се има појавено брадавица и оставете го да стои цела седмица. Потоа отстранете го делчето, исчистете го добро пределот со триење и повторете ја оваа постапка сè додека брадавицата не исчезне.

Гризањето молив лечи главоболка

Главоболката многу често се појавува од несвесно стегање на вилицата. Со нежно држење на молив помеѓу забите ќе ги принудите мускулите на вилицата да се опуштат, што ќе придонесе за олеснување на главоболката.

limun-i-lukЛимонот и маслинките лечат морска болест

Гадењето кое се појавува кај морската болест предизвикува зголемено лачење на плунка, што придонесува да се чувствувате раздразливо. Јадењето маслинки или шмукањето лимон при првите знаци на морската болест помагаат да се олесни гадењето, благодарение на танинот кој го содржат.

Шеќерот го прекинува икањето

Икањето може да биде многу иритантна појава, но сега можете да го запрете за минутка со голтање на една мала лажичка сув шеќер. Експертите веруваат дека ненадејната блажина на јазикот ги оптоварува нервните завршетоци во устата, што придонесува за спречување на икањето.

idividi.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top