Home / Болести и лечење / Може ли Зика вирусот кои е опасен за бебињата да ни дојде и во Македонија

Може ли Зика вирусот кои е опасен за бебињата да ни дојде и во Македонија

Може да го донесе само некој што патувал во тропските регионите каде што тој е присутен – вирусот е проследен со главоболка, осип, треска, болки во зглобовите.

Microcephaly-baby„Искуствата велат дека Зика вирусот е благо заболувањекое поминува од 4 до 7 дена не остава последици нема тешки форми на заболувања барем до сега, нема хоспитализација и досега не е регистриран смртен случај од ова заболување“,

Вирусот го пренесуваат комарци, но е изолиран и во човековата сперма, сепак потребни се докази за да се потврди дали тој е сексуално пренослив. Лимитирани се и податоците дека бремена жена која е инфицирана со вирусот, може да го пренесе на плодот – вели доктор Кузмановска. Во Бразил засега се регистрираат најглем број на новореденчиња со малформации на черепот што се поврзуваат со Зика вирусот.

Епидемиолозите велат ако некој патува во регионите каде што го има вирусот треба да ги преземе сите мерки за заштита од каснување од комарец.

Опасниот зика вирус стигна и во Европа. Има заболени во Италија, Британија и Шпанија, но сите се вратиле од патување од Јужна Америка и од Карибите.

Човекот со овој вирус може да се инфицира единствено преку каснување од комарец, други начини на пренос засега не се потврдени. И преносот потоа ќе биде повторно преку комарец, не директно од човек на човек. Зика генерално не дава многу тешки форми на болест, но опасен е затоа што предизивикува малформации кај плодот, особено кај черепот.

Ако некој патува во региони каде вирусот го има да се носи облека со долги ракави, да не се излегува наутро и во приквечер кога комарците најмногу ги има, да се користат препарати што штити од комарци, да се спие под заштитана мрежа, тоа се мерките што треба да ги преземат оние што престојуваат во региони каде вирусот го има или, пак, има поголеми шанси да се појави

Бидејќи нема специфични симптоми за да се постави конечна дијагноза дали е некој инфициран со Зика неопходно е присуството на вирусот да се потврди со лабораториска анализа.

За заштита од Зика не постои вакцина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top