Home / Болести и лечење / Може да ја имате а да не знаете – Бактерија го „јаде“ желудникот

Може да ја имате а да не знаете – Бактерија го „јаде“ желудникот

Од инфекцијата предизвикана од бактеријата хеликобактер пилори страда околу 56 отсто од светската популација

bakterijaРечиси секој втор човек има некакви тегоби со желудникот. Некои се жалат на често подждригнување, други дека ги измачуваат киселини, трети дека имаат болка, печење или жарење во пределот на желудникот, некои, пак, велат дека имаат чувство на надуеност во стомакот. Сите овие симптоми, според гастроентерохепатолозите, укажуваат на воспаление на слузокожата на желудникот, кое може да биде акутно или да премине во хронична форма. До 1982 година се мислело дека овие тегоби се последица на стрес, кисела храна и лошите животни навики, како што се пушењето и алкохолот. Денеска се знае дека најчеста причина за оваа инфекција е бактеријата хеликобактер пилори (ХП), која едноставно го „јаде“ желудникот.

Оваа грам негативна бактерија е виновна за развојот на сите видови хроничен гастритис, односно хронично воспаление на желудочната обвивка, а создава предиспозиција за настанување на 80 отсто од чировите на желудникот и повеќе од 95 отсто за чир на дванаесетпрсното црево.

pari bakterii valkani

Се смета дека го поттикнува и создавањето карцином на желудникот. Студиите покажуваат луѓето чиј желудник е инфициран со хеликобактер пилори имаат од два до шест пати поголем ризик, а според најновите истражувања и до 10 пати поголем ризик да развијат рак на желудникот.

Со хеликобактер пилори најчесто се заразуваат луѓето на околу 60-годишна возраст, или на оваа возрасна група отпаѓа 65 отсто од болните. Кај помладите, оваа бактерија е помалку застапена или се јавува кај 25 отсто од лицата на 30 години. Но, поради брзиот начин на живеење, стресот, нередовната исхрана, јадењето брза храна, потоа консумирање оброци богати само со месо и протеини од животинско потекло се само дел од факторите зошто се јавува оваа инфекција и кај се’ помлади лица.

Симптоми

Околу 80 отсто од инфекциите со хеликобактер се асимптоматски, односно болниот нема некои посебни симптоми. Агресивноста на бактеријата и осетливоста на домаќинот се одговорни дали пациентот ќе нема симптоми и ќе помине со воспаление на слузокожата – гастритис или, пак, ќе дојде до создавање чир на желудникот, па дури и рак. Различни соеви имаат различни својства.

Businessman holding his stomach in pain or indigestionЕдни може веднаш да доведат до тешки оштетувања на желудникот, други може со децении да живеат на површината на слузокожата и да предизвикаат само слаба реакција. Акутната инфекција може да се изрази како акутно воспалување на желудочната слузокожа или гастритис. Се манифестира со гастрична болка, жарење и печење во пределот на желудникот, киселини, чувство на надуеност, гадење и повраќање.

Доколку болеста не се лекува во оваа фаза, таа преминува во хроничен гастритис и дуоденитис, што понатаму може да доведе до појава на чир на желудникот и на дванаесетпрсното црево. Овие заболувања може да бидат животозагрожувачки доколку настане нивно напукнување – перфорација, крвавење и појава на црн измет, како и повраќање на црна содржина како талог од кафе.

Методите за утврдување на хеликобактер-инфекцијата можат да бидат агресивни или инвазивни и неинвазивни. Во нашите лаборатории се работат два вида на тестови за откривање на бактеријата.

Laboratorijski-testoviКрвни анализи кои се најчесто користен метод за одредување на антителата на ХП (ИгА и ИгГ) со кој може да се процени дали се работи за свежа, неодамнешна инфекција со бактеријата (ИгА), или пак инфекцијата е добиена во минатото (ИгГ). Исто така, титарот на ИгГ антителата е особено важен за следење на инфекцијата по примање терапија.

Анализа на фецес (столица). Овие тестови се прават за да се открие присуството на самата бактерија во столицата или да се одреди дали третманот на инфекцијата со ХП бил успешен.

Како се пренесува бактеријата?

Начинот на пренесување на инфекцијата се’ уште не е потполно докажан. Досегашните сознанија говорат дека хеликобактер пилори се пренесува преку директен контакт од инфицирана на здрава индивидуа и тоа најчесто на три начина. Од желудник на уста, кога при подригнување бактеријата може да се пренесе од желудникот во устата и преку плунката може да се пренесе на уста на здравото лице.

Потоа од уста на уста. Бидејќи бактеријата е најдена на ранички во усната шуплина може да се пренесе директно по орален контакт. Бактеријата се пренесува и преку фекални остатоци кои може да се внесат преку храната (недоволно измиени салати и друг вид на зеленчук или овошје). Многу ретко таа може да се пренесе и при интервенција со евентуално заразени и не добро стерилизирани ендоскопски инструменти кои се користат при ендоскопско снимање на желудникот.

Препораки за исхрана

Пациентите со ХП-инфекција треба да избегнуваат обилна, масна храна, чоколадо, пеперминт, алкохол, кисело и луто, бибер, како и газирани пијалаци со кофеин и не смеат да пушат. По јадење треба да се остане во исправена положба и да се избегнува движење непосредно по јадењето, како и облека која го затегнува стомакот.

267536_brokoli-foto-02-public-dreamstime_fОпштите правила во исхраната подразбираат забрана на внесување врела, ладна и јако кисела храна. Треба да се јаде почесто и помалку и храната треба полека да се џвака и да биде добро исечкана. Не се препорачува внесување големи количини на течности одеднаш. Јадењата треба да се варени или динстани со минимална количина на маст, најдобро без запршка. Млеко во големи количини не е пожелно, бидејќи има привремено неутрализирачко дејство, по кое уште повеќе се поттикнува лачењето на желудниковата киселина. Сварено млеко со жита (овесни снегулки, ориз, гриз) поволно дејствува на слузокожата на желудникот. Се препорачуваат продукти како варен зеленчук, компоти, лeсни колачи со овошје, јадења со пилешко, риба и соја.

Во храната треба да се вклучат пробиотици, кои ги има во јогуртот, а и употребата на маслиново масло, ленени семки и масло, исто така, има позитивно дејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top