Спирулината е буквално најздравата позната состојка, и се користи низ целиот свет поради нејзините хранливи и лековити својства, пишува surovoivkusno.com
,,Никогаш нема да го заборавам моето прво искуство со спирулината, кога во 1 чаша смуди ставив полна супена лажица од овој темно зелен прашок. Најпрво самата миризба (на бара и водни животни), а потоа и вкусот кој беше толку тежок (поготово за некој како мене што не сака морски плодови), што одвај успеав да голтнам пола смуди, а остатокот заврши во умивалникот. Дури отпосле дознав дека треба да се почне со помала количина (отприлика 1/3 кафена лажичка на 1 чаша смуди) и постепено да се зголемува количината до кај 2 лажички дневно (зависно кој колку може да поднесе). Значи, учете од моите грешки,,!
Спирулината е едноклеточна сино-зелена алга која живее во слатководни средини, вклучувајќи бари, езера и реки. Оваа микроскопска форма на живот е исклучително лесно сварлива, што овозможува сите нејзини хранливи состојки лесно да се апсорбираат во нашето тело. Сето ова резултира со едноставно неверојатен износ на концентрирана хранливост во секој нејзин грам.
Спирулината содржи над 65% комплетни протеини (300% повеќе од рибата, месото или живината, и е без холестерол). “Комплетен протеин“ значи дека ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини кои што му се потребни на нашето тело за да напредува. Овие протеини се поконцентрирани и посварливи од било кои протеини од животинско потекло.
Сите знаеме дека рибата е добар извор на есенцијалните масни киселини (омега 3, 6 и 9). Она што повеќето од нас не се запрашале е дали самите риби ги содржат или произведуваат овие омега киселини – одговорот е „не“. Најголеми дел од омега киселините рибите го добиваат преку конзумирање на алги како што е спирулината. Овие омега киселини имаат голема улога во спречување на срцеви болести, намалување на лошиот холестерол, намалување на сериозноста на остеопороза, депресија, дијабетис и многу други.
Таа е исто така богата со многу хлорофил, железо (околу 58 пати повеќе од спанаќот), калциум, магнезиум, калим, цинк, антиоксиданти, витамин Ц, витамин Д, витамин Е, сите Б витамини (вклучувајќи го и Б12 кој скоро никогаш не се наоѓа во растенија), бета-каротен и есенцијални масни киселини (омега 3, 6 и 9). Содржи и десетина други не-есенцијални аминокиселини, нуклеински киселини и липиди, кои играат важна улога за добрата здравствена состојба.
Спирулината е една од најдобрите состојки за детоксикација на организмот, вклучувајќи и прочистување од труење со тешки метали, жива, лекови и хемиски загадувачи. Многу честа појава кај луѓето кои што ја конзумираат е наглиот пораст на енергија и виталност. Одлична е за анемија, булимија, проблеми со варењето, подобрување на апсорпцијата на нутриенти во телото, и подобрување на имунитетот преку моќната антивирусна функција.
Лековити својства на Спирулината на San Sebastian :
- спречува појава на алергии и воспаление
- го храни телото со неопходни хранливи материи
- го намалува ризикот од рак и предвремено стареење
- се зголемува нивото на енергија
- го намалува високиот притисок
- помага со дијабетес
- штити против артритис и реума
- го забрзува метаболизмот
- ја подобрува крвната слика
- го отстранува целулитот и помага во губењето на тежината
- штити од радијација
- помага при ПМС
- ја подобрува концентрацијата и меморијата
- го чисти телото од отрови и тешки метали
Некои луѓе ја конзумираат промешана во чаша со вода, без други додатоци (и доколку сте едни од нив, сигурно обожавате морски плодови!). Јас ја ставам во кашести сокови, и на тој начин дефинитвно не го осеќам ни мирисот ни вкусот:
При изборот на спирулина, изберете ја онаа што е од органско потекло и генетски немодифицирана, за да се осигурате дека она што го внесувате е вистинската супер-хранлива состојка. Можете да ја најдете во БИОкулт, во пакување од 125гр по цена од 440ден.
Докажани својства на Спирулината
- Спирулината е најбогат извор на бета каротин (таа содржи десет пати повеќе од морковот).
- Истражувањата покажуваат дека бета каротинот е најефективна хранлива материја во борбата против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките, го забрзуваат стареењето и го зголемуваат ризикот од рак.
- Покрај бета каротин Спирулината содржи зеаксатин – моќен антиоксиданс кој е 8 пати посилен од бета каротинот. Зеаксантинот делува заштитно на нервниот систем, мозокот и очите.
- Спирулината е многу ефикасна против труење со тешки метали, бидејќи дејствува како природен почистувач. Спирулината ги врзува тешките метали, а потоа ги исфрла надвор од телото.
- Корисна е и во прекумерната тежина, бидејќи го намалува апетитот и го намалува нивото на холестерол.
- Ги штити и панкреасот и клетките кои произведуваат инсулин, со што го стабилизира шеќерот во крвта и помага да се спречи дијабетесот.
- Го блокира производството на интерлеукин-4, кој учествува во развојот на алергиски реакции.
- Истражувањата ја покажаа нејзината неверојатна моќ во спречувањето на воспаленија во телото, што е важно за превенција и третман на артритис и многу други воспалителни болести.
- Беше откриено дека Спирулината обезбедува заштита од штетно зрачење. Поради своите детоксикациски својства, била користена во Советскиот Сојуз по несреќата во Чернобил.
- Jа зголемува енергијата, го намалува стресот, несоницата, анксиозноста и депресијата.
- Спирулината го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот, што го прави идеална храна за губење на тежината.
- Оваа алга е богата со протеини – содржи повеќе протеини од месото! Затоа, таа е одличен додаток во исхраната на вегетаријанците .
Корисни линкови:
Spirulina (Arthrospira platensis)
Spirulina – University of Maryland Medical Center
Spirulina Explained: Here’s what you need to know about this healing superfood
Извор – surovoivkusno.com
od kade moze da se nabavi?