Home / природен лек / Млекото има над 20 видови лекови

Млекото има над 20 видови лекови

Тимот на шпански и марокански експерти , откриле дека во кравјото, козојото и мајчиното млеко се наоѓаат повеќе од 20 видови лекови како што се, антибиотиците, антисептици, бета блокатори и хормони, пренесува СајенсДејли.
Примероците од сите три типа на млека содржат лекови со анти-инфлаторни дејствија и тоа највеќе во полномасното кравјо млеко. Научниците од Универзитетот од Кордоба, Шпанија и Абдемалек Есади од Мароко, анализирале 20 примероци од кравјо, козјо и мајчино млеко, и дошле до заклучок дека во мајчиното млеко има лекови против воспаленија, противбактериски и противгабични, како и три хормони од групата естроген.
Малата количина на лекови во една чаша млеко е последица од додавањето лекови во исхраната или контаминација на фармите, објаснуваат експертите. Иако резултатите, од овој шпанско марокански тим се објавени во списание за земјоделство и хемиска храна, а примероците се земени од овие две земји, експертите се убедени дека ситуацијата е иста и во поголемиот дел на Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top