Home / аларм / Медицината немоќна- ова е болеста од која ќе заболат 2 милиони луѓе

Медицината немоќна- ова е болеста од која ќе заболат 2 милиони луѓе

Инфекцијата од оваа болест е посебно тешко да се утврди кај децата поради тоа што болеста во таа возраст изгледа сосема поинаку отколку кај возрасните.

Годишно 32.000 деца заболуваат од туберколоза поради тоа што се отпорни на лековите покажуваат најновите резултати од истражувањето направено од американски научници кои за прв пат даваат сеопфатни информации за оваа болест која тешко се лечи.

USA - Swine Flu - Doctor Wears Mask While Seeing PatientsВо светот од туберколоза вкупно заболени се милион деца што е двојно повеќе од порано.

“Голем број деца патат и умираат од туберколоза вели Хелен Џенкинс која всушност го водела ова истражување а работи во една од болниците во Бостон.

И покрај фактот дека децата сочинуваат околу една четвртина од светската популација, до сега немало проценка за тоа колку од нив страдаат од туберкулоза отпорна на лекарства “, вели Тед Коен, кој работел на истражувањето за рангирање.

Туберкулозната инфекција е особено тешко да се утврди кај децата, бидејќи болеста во оваа возрасна група е различена отколку кај возрасните. Оваа болест е предизвикана од бактерии кои  ги напаѓаат белите дробови и се шири преку човечки контакт преку кашлање на заразено лице.

” Кај децата, болеста најверојатно е дека ќе зафати други делови на телото, не белите дробови “, вели Џенкис и додава дека кога белите дробови се погодени тогаш има помалку бактерии и е потешко да се” улови” болеста со сегашните методи на дијагностика.

Светската здравствена организација проценува дека ТБ во 2012та  се појавила кај 8.600.000 луѓе, а 1.200.000 од нив починаа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top