Home / природен лек / Матичен млеч ги лечи нус последиците од зрачења и хемотерапија

Матичен млеч ги лечи нус последиците од зрачења и хемотерапија

Многубројни се доказите за позитивниот ефект на матичниот млеч за одржување на здравјето, поттикнување на функциите на организмот и за закрепнување од многу болести. Факт е дека на пазарот може да се најдат многу производи кои во својот состав имаат матичен млеч, но, за жал, има и голем број псевдопроизводи. Затоа треба да се знае и кои особини треба да ги има еден квалитетен производ на база на матичен млеч.

maticen mlecЕдна од состојките, која воедно е и најобјективен параметар за одредување на квалитетот на матичниот млеч, е 10-хидроксидек-2-енска киселина (10-HDA), на која ~ се припишуваат многубројни биолошки својства на матичниот млеч и која не може да се произведе по вештачки пат. Токму затоа и нејзиниот наод во некој производ е пресуден фактор при утврдувањето дали тој производ навистина содржи матичен млеч или, пак, е фалсификат.

Еве неколку примери за примената и ефектот на матичниот млеч.

Ја јакне општата опторност на организмот

Врз основа на многубројни истражувања, постојат оправдани претпоставки и се верува дека благодарение на 10-хидроксидек-2-енска киселината (10-HDA) и на гамаглобулинот, матичниот млеч ја зголемува општата отпорност на организмот преку позитивното влијание на имуниот систем. Според одредени микробиолошки истражувања, докажани се и антибиотските својства и бактерицидното дејствување на некои бактерии (E.coli, Salmonella sp., Proteus vulgaris, Bacillus subtilis, Staphylococcus aureus, Streptococcus apis). Според некои автори, матичниот млеч ефикасно дејствува и против габите, вирусите и некои протозои (Trypanosoma cruzi).

Ја подобрува работата на нервниот систем

med54Содржи и скапоцени материи – стероли, споеви со фосфор и ацетилколин. Тој невротрансмитер како носач ги пренесува пораките (нервните импулси) до нервните клетки. Овој единствен природен извор на ацетилколин во чист облик ја помага поквалитетната работа на мозочните функции. Важно е дека може да помине низ мозочната бариера и да ги регенерира клетките и на тој начин да ја спречи појавата на многу болести на нервниот систем, како што е дифузната артериосклероза во мозокот со или без жаришни оштетувања, астеничната невроза, Паркинсоновата болест, Алцхајмеровата болест, мултиплекс склероза и сенилна деменција, која денес е многу зачестена кај постарата популација. Докажано е доброто дејство на матичниот млеч на концентрацијата и на способноста за подобро паметење, а на тој начин и за значително поквалитетно учење. Матичниот млеч ја подобрува работата на централниот нервен систем бидејќи му помага на организмот да го совлада денес сеприсутниот и неизбежен стрес. Со редовната употреба на матичниот млеч се подобрува работната способност, концентрацијата и психофизичката издржливост.

Позитивен васкуларен ефект – Ацетилколинот и ниацинот имаат и својство да ги шират крвните садови, па матичниот млеч им се препорачува на луѓето со висок крвен притисок. Го спречува и намалува настанувањето на крвните згрутчувања, па затоа им се препорачува на луѓето со развиена тромбоза и на оние што имаат генетска предиспозиција за нејзина појава. Го намалува нивото на маснотиите во крвта, особено на лошиот LDL-холестерол и на триглицеридите, а го зголемува нивото на добриот HDL-холестерол и на тој начин ја спречува појавата на кардиоваскуларни болести. При системска и континуирана употреба на матичен млеч е забележана помала појава на стенокардии, покусо траење и помал интензитет на болката.

med (2)Ја јакне и ја штити кожата – Локалната примена на матичниот млеч благотворно влијае на кожата, ја омекнува, го намалува создавањето на брчките и го јакне нејзиниот тонус. За таквиот ефект е заслужен колагенот, кој е една од неговите состојки. Покрај ова, ја прави кожата мазна, ја тонифицира и реминерализира и ~ дава влажност. Дејствува и како антиоксиданс, па освен што ја штити кожата од стареење, го помага зацелувањето на оштетената кожа, а особено влијае на оштетувањата настанати поради дејството на ултравиолетовото зрачење.

Локално се применува и кај луѓето со кожни болести, а најдобриот ефект е видлив кај себореата на масна кожа и кај розацеата. Докажано е дека матичниот млеч го инхибира развојот на кожните лезии кај атопискиот дерматитис и дека при комбинирана примена (локално и системски) помага за одржување и јакнење на косата и ноктите.

Добар и за мажи и за жени

Позитивниот ефект на матичниот млеч се гледа и на половите органи – машки и женски, на тој начин што ја зголемува прокрвеноста (дури и до 75 пати), ја стимулира делбата на клетките и нивното нормално функционирање и воедно ја намалува можноста за појава на инфекции.

Со комбинирање на матичниот млеч со прополис се ублажуваат менструалните болки кај повеќето жени, а во менопаузата матичниот млеч ги намалува непријатната раздразливост, депресијата и ги ублажува валунзите.

Истражувањата покажеле дека матичниот млеч помага при импотенција и фригидност и придонесува за поквалитетен сексуален живот. За тој факт неоспорен показател е податокот дека матичниот млеч е изразито богат со цинк, за кој знаеме дека е неопходен за квалитетното функционирање на половите органи, особено за простатата.

ПРИ АСТМА, АЛЕРГИИ

Матичниот млеч го зајакнува ткивното дишење и оксидативната фосфорилација и на тој начин ја подигнува енергијата во организмот, давајќи му дополнителна сила за зголемени напори, особено кај спортистите.

Според некои студии, постојат спротивставени мислења за фармаколошкиот механизам на дејствување на матичниот млеч врз астмата. Некои сметаат дека е примарен неговиот имуномодулациски ефект кој ја намалува алергиската реактивност на организмот, додека други сметаат дека клучно е неговото влијание за зголеменото лачење на адреналинот, а со тоа и врз ширењето на дишните патишта. Во секој случај луѓето што не се пречувствителни на матичниот млеч, а имаат астма, со него може многу да си помогнат.

Научно е докажано дека матичниот млеч може да го заштити организмот од алергии и или да ги ублажи алергиските симптоми, на тој начин што го супримира антигенот, специфичното производство на имуноглобулионот (IgE) и ослободувањето на хистаминот од мастоцитите. Најголем број од истражувањата се спроведуваат преку испитување на антитуморските активности на матичниот млеч и неговиот потенцијално позитивен ефект кај различните малигни заболувања. Притоа, посебен акцент се става на компонентата 10-HDA, за која се смета дека е главен активен носител.

Конкретните студии спроведени врз луѓе, со користење на научни методи, докажуваат дека матичниот млеч го намалува нивото на холестеролот и на триглицеридите во крвта, го зголемува количеството на млекото кај доилките, ги ублажува менструациските болки, ги олеснува тегобите во климактериумот, ги смирува болките кај ревматоиден артритис и значително ги намалува нуспојавите на терапијата со зрачење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top