Најчесто го ставаат во јадења затоа што така пишува во рецептот. Но, никој не се жали бидејќи освен аромата, тој го подобрува варењето и помага во исфрлање на насобраните гасови во цревата. Понекогаш се користи и како средство за искашлување и против ревматизам.
Вечно зелено дрво со мирисливи листови што се употребуваат како зачин.
Ловоровиот лист потекнува од медитеранските земји и има ароматичен мирис. Заради тоа често се употребува како зачин во јадења со месо, супи, чорби. Ловорот ја намалува стомачната надуеност и непријатниот мирис на телото. Ловорот го одбива инсектите, така што добро е да го ставите во садовите со брашно.
Ловоровиот лист е одличен народен лек за повредени тетиви, исчашувања, реума, истегнувања на мускулатурата како и кај парализираност за масажа.
Тој содржи 1- 3 отсто етерско масло, горски материи и танини. Во народната медицина, ловоровиот лист сечупотребува и како мирис, но и за масла и мелеми. Тој најчесто дејствува како спазмолитик и го подобрува варењето на храната, а се употребува и кај метеоризам и хипертонија.
против грип и хроничен бронхитис.
5-6 ловорови лисја, две кришки лимон се варат пет минути со 400 мл врела вода. Сето тоа стои поклопено 15 мин, се цеди и се пијат три чаши дневно.
против акни.
Околу десет листа ловоров лист се попаруваат со една чаша врела вода,смесата стои така поклопена дваесетина минути.Потоа се земаат две супени лажици од чајот и им се додаваат уште две лажици сок од свежа краставица.Со оваа мешавина се мачка лицето и така стои 15 минути, по што се мие со преостанатиот чај.
за здрави заби.
секое утро пред да ги миете забите џвакајте 2-3 минути свеж лист од ловор.