Home / аларм / Лоша вест за тие што ставаат млеко и шеќер во кафето

Лоша вест за тие што ставаат млеко и шеќер во кафето

Секој си има свој начин и свој ритуал на пиење кафе и не пробуваме да ве разубедиме, но овие информации сигурно ќе ве интересираат, посебно ако вашето кафе го сакате со повеќе млеко или шеќер.

kafe3-300x240Имено, кога додавате млеко или шеќер во кафето, не само што внесувате куп празни калории, туку и си штетите на здравјето. Еве што открија истражувачите од универзитетите во Илиноис и Калифорнија во соработка со Институтот за Јавно Здравје:

Дупло повеќе луѓе што пијат кафе ставаат млеко или крем преполни со маснотии и нездрави шеќери отколку оние што пијат чај.

Ова значи дека првите внесуваат во просек 70 нездрави калории повеќе на ден.

Внесувањето на овие шеќери предизвикува желба за нездрава храна, па така целовкупниот начин на исхрана на луѓето кои пијат кафе со млеко и шеќер е многу полош.

Ова на крај резултира со драстично опаѓање на енергијата и повторна потреба за шеќери и лоша храна, што доведува до бесконечен круг од кој тешко се излегува.

Затоа, следниот пат размислете за опцијата шолја топол чај и природен мед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top