Home / Болести и лечење / Летото ги носи овие болести – еве од што да се пазите

Летото ги носи овие болести – еве од што да се пазите

Стигна летото, а со него и бактериите и други неволји кои одат покрај високите температури. Инфекциите, кои се нормална појава и кои се појавуваат при покачени температури, можат да бидат благи, но и смртоносни.

Ви претставуваме седум болести кои се скриена опасност на ова годишно време, во кое се наоѓаме, летото.

Вирус на Западен Нил

320387_komarci-02-ifas.ufl_.edu_ff-300x274Овој вирус го пренесуваат птиците и комарците и се пренесува на луѓето со каснување од комарец. Оваа инфекција се зголемува во јуни, а кон средината на август е во најголем пораст.

Многу заразени не покажуваат никакви симптоми, додека кај други се појавува грозница, главоболка и вртоглавица. Еден отсто од заболените развиваат сериозни невролошки пореметувања како енцефалитис, менингитис или парализа, додека дури 10 отсто луѓе од оваа група умираат од оваа инфекција.

Ризикот од добивање на овој вирус може да се намали со користење на репеленти против инсекти, носење на заштитна облека, долги ракави и пантолони кои ќе спречат каснување од инсекти.

Паразит познат како амеба која го јаде мозокот

mers-virus-01Се работи за амеба која живее во топла вода, на пример во езерата, реките и топлите извори. Може да се најде во земјиштето. Најчесто овие инфекции се случуваат во текот на летните месеци. Луѓето се инфицираат од оваа амеба пливајќи во топла вода. Водата која го содржи овој паразит влегува во телото низ носот, а потоа патува до мозокот, каде предизвикува смртоносно воспаление на мозокот и мембрани кои го обвиткуваат. За среќа овие инфекции се ретки, од 2003 до 2013 во Америка во која статистиката се води прецизно, се забележани само 13 случаи. Луѓето кои ја добиваат оваа инфекција најчесто умираат.

Лајмска болест

krlezКрлежите основни носители на бактерии кои предизвикуваат лајмска болест, се нај активни во текот на пролетта, во почетокот на летото и есента. Тие живеат на темни и влажни места и можат да се најдат во тревата, во градините, на кората на дрвјата и на стари ѕидови. За да ги избегнете крлежите, носете долги ногавици и користете репеленти за инсекти.

Инфекција на уво

Пливачко уво, или отитис екстерна, како што е латинското име за воспаление на надворешното уво, е честа инфекција поради која милиони луѓе се обраќаат на лекар. За да ги спречите проблемите со ушите, важно е да користите капа за пливање и да ги сушите ушите со суви пешкири, веднаш откако ќе излезете од вода. Исто така, не треба ушите да ги чистите со стапчиња, бидејќи она што се наоѓа во ушите ги заштитува од вакви инфекции.

Хипертермија

toploten-udar-300x200Високите температури убиваат илјадници луѓе годишно, а голем број на погодени од хипертермија завршуваат на лекар. Од 1979 па до 2003 година, многу луѓе умреле од хипертермија отколку од торнада, урагани, поплави и земјотреси заедно. Високите температури предизвикуваат хипертермија, состојба во која телото на тоа лице апсорбира поголема температура од што може да поднесе.

За да ја избегнете оваа состојба, важно е да седите во добро проветрени и климатизирани простории и да пиете доволно течности. Никогаш не ги оставајте децата и домашните миленици во затворени автомобили.

Камен во бубрезите

kamen-vo-bubreg1385499481_thumb_medium490_0Во текот на летото треба да внимаваме на дехидратацијата која како што велат лекарите, кај некои луѓе развива камен во бубрезите.

Бидејќи се потите, телото ослободува вода и помалку мокрите, што помага на минералите да направат камен во уринарниот тракт.

Вирус ханта

Овој вирус го пренесуваат глодари и тој може да предизвика смртоносна болест наречена пулмонарни ханта вирус синдром. Во текот на летните месеци, кога луѓето повеќе време поминуваат надвор, поголеми се шансите да дојдат во допир со остатоците и излачените материи на инфицирани глодачи и така да се заразат.

Овој вирус исто така во организмот може да се внесе и преку воздухот, пишува Хаф Пост. За да избегнете инфекција, се советува просторот во кој поминувате најдолго време, дома и деловните простории да бидат ослободени од глодари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top