Home / алтернативна медицина / ЛЕКОВИТИ ВОДИ ВО МАНАСТИРИТЕ

ЛЕКОВИТИ ВОДИ ВО МАНАСТИРИТЕ

Лек за болни очи во Осоговието

Изворот на света вода, кој се наоѓа во малата црква „Раѓањето на Пресвета Богородица“, во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“, е најпозната исцелителна и лековита вода од која спас за своите маки бараат многубројни верници од земјава и странство.

822AD0BF8E4DD04694C2EE368FE48DE5Изворот отсекогаш се наоѓал во црквата, која била изградена во 11-12 век, а обновена во 14 век. малата црква е посветена на раѓањето на Пресвета Богородица, која народот ја смета за заштитничка на оваа света вода и верува во нејзината моќ и сила за исцелување. луѓето од сите краишта доаѓаат да се замијат од изворот, да побараат лек за својата болест и за својата мака, носат со себе шишенца од исцелителната вода, а подоцна многумина се враќаат со благодарност кажувајќи дека големата светителка им помогнала. Се верува дека оваа исцелителна вода лекува од сите болести. Најмногу од главоболка, од очни болести, но и секакви други заболувања, маки и проблеми, што ги имаат луѓето и семејствата.

Ле­ко­ви­та во­да во „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“

Во под­нож­је­то на ри­дот со ма­на­стир­ски­от комп­лекс, под ар­хе­о­ло­шки­от ло­ка­ли­тет Го­вр­ле­во, во бли­зи­на на Дол­но Сол­ње, се на­о­ѓа цр­квич­ка­та „Све­тите Куз­ман и Дам­јан“, ко­ја е поз­на­та ме­ѓу вер­ни­ци­те по ле­ко­ви­та­та во­да што из­ви­ра во неј­зи­ни­от ол­та­рен дел.

E00298FE9A0B5244A3EA3AF3614D1E93Из­гра­де­на во по­но­во вре­ме, 1936 го­ди­на, на ме­сто на кое из­ви­ра­ла во­да, оваа цр­ква е дел од прес­но­то се­ќа­ва­ње на жи­те­ли­те на окол­ни­те се­ла.

Децата имале проблеми со белите дробови. Речиси една недела беа во манастирите, пиеја од водата и си заминаа со здрави деца, раскажува сестра Параскева

СВЕТИ ВОДИ

Месноста „Света Вода“ е оддалечена 15-тина км јужно од Делчево, во атарот на с.Тработивиште. Самите извори се високо од десната страна на реката Брегалница.

84A5482C9D166E45932BA3A2F3ECBD8AТука од памтивек постојат 3 извори на вода. За водата од овие чешми, помеѓу локалното население во Делчево и регионот, постои верување дека истата има лековити и чудотворни својства, односно дека оваа вода е света т.е. исцелителна, па затоа целата месност го добила името „Света Вода“. Трите свети чешми се наоѓаат во прекрасен живописен амбиент, опкружени со бујна борова и дабова шума, а исконската тишина на пределот ја нарушува само жуборот на водата од чешмите, реката Брегалница, која бистра како солза се провева во клисурата подолу, и гласот на песнопојните птици кои се собираат во ладовината околу чешмите. До изворите се оди пеш низ шума и мирис на мајчина душица.

Секој посетител кој дојде и си наполни од водата на светите извори, верува дека таа ним и на нивните семејства им носи среќа, здравје и бериќет во текот на цела година. Трите извори, односно чешми се на меѓусебно растојание од 30 до 50 метри една од друга. Прво посетителите наидуваат на онаа чешма што е посветена на Божјата мајка св.Богородица, следна е водата посветена на св.Недела и последна е чешмата која е посветена на св.Петка.

Изворот во Варош

На само неколку километри од Прилеп во месноста Варош, во долниот дел на манастирскиот комплекс посветен на светите Архангел и Михаил, се крие извор со света вода. Многумина сведочат дека тоа е изворот на исполнетите желби. Велат водата била лековите за с`, но најмногу им помагала на жените што сакаат да родат. Се тврди и дека секој што ќе се замие или се заплакне со водата оздравувал и му се исполнувале желбите, но само ако се искрени и ако се за добро.

Kако свети места Е и исцелителната вода во селото Луково, која од памтивек била посветена на свети Гаврил Лесновски, а за која се верува дека најмногу им помага на оние што немаат пород, не гледаат и за други болести.

манастирот „Свети Илија“ во селото Шопско Рударе, каде што има пет кладенци од кои извира вода и секоја лекува од одредена болест. Лековит извор има и кај црквата „Свети Јован Kрстител“ во селото Kоњух, каде што Доневски вели дека доаѓа река народ верувајќи во исцелителната моќ на водата.

Изворот на битолски Kркардаш 

светата вода се наоѓа во бунар длабок осум метри во манастирчето. Се верува дека помага на луѓе што имаат главоболки и мозочни удари.

Освен за Kркардаш, битолчани веруваат дека света вода има уште во најмалку десетина цркви во Битолско, и тоа во „Свети Пантелејмон“ ја користат за кожни заболувања, од „Архангел Михаил“, „Света Недела“, „Свети Никола“, „Света Петка“ и други.

под водопадот во Велешко

Месноста Црн Kамен се посетува првиот петок по Велигден и во наредните 40 дена се до Спасовден. Тука доаѓаат луѓе од цела Македонија, кој како разбрал за неговата моќ, тука иде да побара спас. Има многу примери кога дошле брачни двојки што немаат рожба за следната година да дојдат со бебето.

82A10D6C5BB8EA4597EEAB5142E38651Имало случаи кога се раѓале и близнаци. Таков е примерот на штипјанката Аница. Иако во брак десет години, немале деца, минатата година дошле, минале под водите на Црн Kамен, а неодамна беа тука со тримесечното бебе. Беа пресреќни и презадоволни што им се остварила големата желба да добијат наследник. За да се исполни желбата во трите минувања под водата, таа треба да го намокри посетителот. Има примери кога водата од водопадот бегала од луѓето како ѓавол од крст, по што посетителите си заминувале плачејќи бидејќи велеле дека се многу грешни.

Чудотворна икона има во манастирот „Св. Богородица“ во село Согле на патот кон Богомила, во пазувите на планината Kараџица, во регионот на Азот.

vrtena-skala-250x187На 7 километри од Пехчево , во пазувите на Буковик и врвот Орловец се наоѓа карпестата формација кај народот позната како Вртена Скала. Кај месното население постои верување дека карпата има некаква моќ, па според усните преданија, уште од дамнина се верувало дека  протнувањето низ карпата им помага на мајките кои немаат деца да си одимаат пород,  а им помага и на малите деца кои страдаат од лоши соништа или несоница. За таа цел во самиот отвор се оставаат дарови кои ќе им удоволат на добрите духови. Ова верување е распространето покрај во Малешевијата,Пијанец ,Кочанско и пошироко во Македонија.

Неколку стотина метри од природната знеменитост постои природна чешма со вода која во себе содржи  минарали на железо. Тоа е само уште една потврда за  сеуште не експлоатирани резерви на железна руда на територијата на Општината. Покрај тоа овој крај е богат и со неколку вида квалитетна глина и резерви на бакарна руда

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top