Home / природен лек / Лек за стрес, замор, силен мирис на телото…

Лек за стрес, замор, силен мирис на телото…

Недостатокот на магнезиум може да донесе цела лавина од проблеми, меѓу кои на прв поглед не можеме да видиме  никаква врска. Зголемената потреба од магнезиум  се случува при интензивни физички оптоварувања, употреба на алкохол, недоволно разновидна исхрана и др.

zamorМагнезиумот е важен макроелемент кој не може да се синтетизира или складира во организмот. Затоа е важно да се зема редовно и во доволно количество. Редовно јадете ги зеленолистните зеленчуци, како и зелен и зрел грав, морска храна, особено ракчиња, ореви, интегрални производи, црна чоколада, овес, тиква и семки од тиква, сусам и банани.

Магнезиумот учествува во повеќе од 300 процеси во човечкиот организам! Тој е незаменлив дел од менструалниот циклус и е потребен како за овулација и зачнување, така и за непречено одвивање на бременоста.

Некои симптоми за недостаток на доволно магнезиум во организмот:

– Силен мирис на телото, нозете:  Тоа е чест знак за дефицит на магнезиум. Магнезиумот е минерален, одговорен за регулирањето на телесната миризба. Имајте на ум дека секој грам шеќер „јаде” по 54 гр магнезиум.

14618101-magnesium-symbol-handheld-over-the-periodic-table-300x203Други симптоми кои укажуваат на можноста дека  страдате од недостаток на магнезиум, се чести болки во главата, запек, несоница, хроничен замор – При долготраен недостиг на овој минерал, нашиот нервен систем ги исцрпува своите можности. Тогаш почнуваат да се менуваат крајни емоционални состојби со периоди на целосна апатија и исцрпеност.

– При недостаток на магнезиум почнуваат да се појавуваат оттоци и прерани брчки, особено околу очите. Тенот на лицето видливо се менува. Стресот доведува до несоница, несоницата води до стрес, а недостигот на магнезиум доведува и до двете. Страдате од пролетен замор? Не, туку имате потреба од магнезиум.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top