Приказните за моќта на водата црквата „Свети Јован Kрстител“ во населбата Kапиштец и изворот во црквата „Светите Kозма и Дамјан“ во скопското село Говрлево, но и лековитата вода, чиј извор се нарекува „Мијочи“ во селото Kучково.
Овој извор се наоѓа во непосредна близина на црквата, во карпата која како со нож е засечена во планината на која има густ појас багреми. Неговата посебност произлегува и од тоа што во текот на сите изминати столетија никогаш не е забележано дека овој извор некогаш пресушил. Дури ни во време на најголемите сушни години што го погодувале Скопје. Истовремено, за чудото да биде поголемо, а тоа го сведочат постојаните анализи на Заводот за јавно здравје, оваа водата е кристално чиста и здрава за пиење, иако се наоѓа во строгиот центар на градот каде што е изложена на разни загадувања.
Во еден стар запис стои дека: „Во село Долно Водно крај Скопје има три култни извори, кои се нарекуваат ’Kапиштец’“. Тоа се петте извори посветени на чудесата на св. Јован Kрстител, св. Богородица, света Недела, на света Петка и во чест Руса среда.
Чудесна вода има и од другата страна на Водно, кај селото Говрлево, на јужните падини на Водно и кое е многу познато по големото археолошко откритие, фигурата на Адам од Македонија. Тука е најдено и непознатото писмо кое е мошне слично на глаголицата, но кое с` уште не е дешифрирано, а тука е настаната и приказната за излекувањето на големиот римски император Јустинијан Први…
Најпознати се, секако, водите од црквичката која е посветена на светите Kозма и Дамјан, а која се наоѓа во подножјето на ридот, под археолошкиот локалитет, во близина на Долно Соње.
Откако е направена, изворот на водата е сместен во внатрешноста на црквата. Ограден во форма на крст се наоѓа точно во олтарот, под фреска со мотиви, на кои се прикажани верници пред чудотворна вода.
Верниците што ја користат водата веруваат дека ќе им помогне за подмладување, проблеми со видот и со колената и многумина од нив чудотворно биле излекувани.
„Миочи“ во Kучково
На само 15 километри од Скопје, се крие една многу стара тајна, а која се врзува за изворот што постои во атарот на селото Кучково. За него прво знаеле малкумина, претежно жители на селото, но во последните години изворот наречен „Миочи“ го посетуваат дури и луѓе од околните држави.
Легенда тука е и дека во околината на изворот имало дупка, наречена Kоњска нога, и која, наводно, останала откако Kрале Марко со својот коњ Шарец поминал крај селото.Дупката од копитото на Шарец требало да биде патоказ за света вода.
Водата истекува од подножјето на поголема карпа преку една цевка и се слева во помало корито. Над изворот е направен мал покрив, а околу има клупа и маса. Тука обичај било луѓето, откако ќе земат вода, да оставаат облека, најчесто машки и женски маици, кои тука остануваат долго време. Речиси никогаш не се случило оставената облека некој да ја украде.