Home / Болести и лечење / Лек за неплодност, бактерии во желудник, анемија и чир

Лек за неплодност, бактерии во желудник, анемија и чир

Маслиновото масло во комбинација со смокви е чудесна комбинација во аптеката на природата и претставува народен лек одамна познат главно во приморските региони. Искуството покажува дека комбинацијата од смокви и маслиново масло помага во лечење главно на: неплодност, хемороиди,  цревни заболувања, анемија, запек, високиот холестерол,бронхитис,астма.Смокви во маслиново масло се најдобар лек за бактериите во желудникот, и за чир.Во принцип, смоквата е многу лековита во комбинација со маслиново масло за разни стомачни заболувања.

Подготовка на лекот:

smokviВо едно литро маслиново масло во стаклена тегла се потопуваат 40 суви смокви.Се остава да отстои 40 дена. После тоа, секој ден  на празен стомак јадеме по една смоква пред секое јадење.

Ако не можете на овој начин да ги јадете смоквите тогаш пијте по една лажица маслиново масло а после тоа јадете по една сува смоква. Лекот го има истиот ефект.

Овој рецепт е безбеден и ги ублажува симптомите се додека трајно не се отстранат.Сувите смокви содржат многу повеќе енергија, протеини, масти, шеќери и минерали од свежите плодови. Не заборавајте да ги чува на ладно, и темно место. Сувите смокви се одличен извор на минерали како што се калциум, бакар, калиум, манган, железо, селен и цинк.

Во 100gr суви смокви има 640mg калиум, 162mg калциум, 2,03 mg железо. Калиум е важна компонента на клетката и телесните течности што помага за контрола на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Бакарот е од суштинско значење за производство на црвени крвни зрнца. Железото е неопходно за формирање на црвени крвни зрнца во крвта. Маслиновото масло содржи мононезаситени масти, поздрав тип на масти кои може да го намали ризикот од срцеви заболувања и намалување на вкупниот лош холестерол во крвта. Маслиновото масло содржи витамини А, Д, К и Е, кои помагаат организмот да се бори против слободните радикали и оксидацијата на клетките.

eklinika.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top