Изедете неколку суви кајсии или сливи, а одлични се и смоквите, урмите, шолја силно кафе наутро, но само од време на време.
На исхраната додадете и повеќе житарки (неколку лажици пченични, оризови или овесни снегулки со јогурт наутро), овошје и зленчук, и задолжително консумирајте повеќе течности за да можат влакната да ја извршат својата работа. Доколку заборавите на водата, само ќе си создадете проблеми, бидејќи ќе се чувстувате подуено, ќе страдате од гасови и тврда столица. За да го поттикнете метаболизмот, почнете да практикувате и некоја физичка активност.
Како лек против тврда столица се употребува сварена пченица и овес.
Во еден литар вода ставете по 100 грама овес и 100 грама пченица, и сверете ги. Овесот и пченицата земајте ги како додаток на храната, а течноста пијте ја наместо вода.
На изладената течност можете да и додадете слаб чај кој ќе го приготвите од еднакви количини на питомо нане и бела имела. Исто така се препорачуваат чести и помали оброци.
Лимон
Секогаш можете да користите лимон за лечење на запек, кој истовремено го прочистува дигестивниот систем. Потребен ви е сок од половина лимон кој ќе го додадете во чаша топла вода. Додадете малку морска сол и малку мед. Пијте ја течноста рано наутро на празен стомак. За рок од 2-3 дена симптомите на запек ќе исчезнат.
Храна со растителни влакна
Најчеста причина за запек е недостаток на растителни влакна во исхраната. Тие се поврзуваат со вода во цревата , набабруваат и помагаат организмот да ги исфрли фекалиите полесно, заедно со насобраните токсини.
За да се справите со симптомите конзумирајте: јаболки, грав, компири, моркови, кафеав ориз, сушени модри сливи, пченични никулци, свежо овошје, зелен зеленчук, сите видови јатки, семки од тиква, сончоглед, брокули, грашок.
Вода
Пијте по неколку голтки на секој половина час, а добро би било во водата да додадете малку мед или цитрусов сок.
Млеко
Освен што помага во смирување пред спиење, шолја топло млеко може да придонесе за празнењето на цревата наутро. Ако овој рецепт не ви помага, додадете две лажички масло од рицинус.
Мед.
Токму како и шолјата топло млеко со рицинус, и млекото со малку мед може да помогне кај запекот. Меѓутоа, овој пијалак би требало да го пиете три пати во текот на денот.
Овошје.
Овошјето може да дејствува како добра метода во борбата против запекот. Освен големиот процент на вода, овошјето содржи и влакна кои помагаат во варењето, а можете да одберете грозје, портокали, круши, смокви и папаја.