СИМПТОМИ: повторувано, неволно стегање на дијафрагмата што доведува до нагло навлегување на воздух во белите дробови и затворање на глотисот, дел од гркланот во кој се наоѓаат гласните жици, при што се создава особен звук. Икањето по правило, не трае долго, а се јавува по силен оброк или пиење премногу големо количество алкохол. Иако ретко, икањето може да трае неколку дена или недели.
Во многу ретки случаи, икањето е придружна појава на некое заболување, како што се воспаление на слепото црево или дијабетес.
НАРОДНО ЛЕКУВАЊЕ: Против икањето, секој ден треба да се зема по едно лажиче ким што треба да се проголта без џвакање, со малку вода. Најдоцна за два часа пациентот може целосно да закрепне.
ЛЕКУВАЊЕ ДОМА:
*ставете лажичка шеќер под јазикот и пуштете полека да се растопува. Можете да го проголтате шеќерот на суво или со чаша вода.
*свиткајте се во половината нанапред и пијте вода од спротивната страна на чашата.
*со помош на стапчиња за чистење уши скокоткајте ја точката каде што се спојуваат тврдото и мекото непце.
*задржете го здивот и истовремено вдишете во истиот миг кога ќе почувствувате порив за икање. Оваа постапка, веројатно, ќе биде неопходно да ја повторите повеќепати пред икањето да престане.
*ставете ќесе од хартија околу устата и вдишете длабоко и брзо 10 пати. Држете го ќесето цврсто притиснато до лицето за да не пропушта воздух.
*шмукајте парче лимон натопено со ангостура (горчлив ликер со додаток на исушена кора од јужноамериканското дрво Galipea officinalis) и посолено со буковец или проголтајте една лажичка оцет.
*Ако вашето дете ика, кажете му да го задржи здивот и да не се смее, па скокоткајте го нежно.
Runway.mk