Home / аларм / ЛЕК од Семките од лубеница – се варат – еве што лечат

ЛЕК од Семките од лубеница – се варат – еве што лечат

Во текот на консумирање на лубеница, многу луѓе ги фрлаат нејзините семки. Оние пак, кои не го прават тоа, си помагаат за варењето на храната и за жал тоа е се’. Семките додека го поминуваат дигестивниот тракт, остануваат цели и од таа причина само механички и помагаат при варењето, додека големиот број корисни својства останува неискористен.

semki lubenicaЗа да се искористи лековитоста на семките потребно е тие да се сварат, сомелат или испечат, за да можете да дојдете до драгоцената содржина. Тие во себе содржат диететски влакна, неопходни за нормална работа на дигестивниот тракт, помагаат во случај на појава на цревни паразити, како и за лечење на болни од жолтица, водени болести и воспаленија во организмот.

Семките од лубеница ја содржат супстанцијата цитрулин, која дејствува како антиоксидант, помага за ширење на крвните садови, при артериосклероза, кај висок крвен притисок и ангина пекторис. Американски научници во почетокот на 20 век, напишале дека семките од лубеница се многу корисни за лекување на бубрезите и мочните патишта. Според нивните кажувања, користењето на чајот од свежи семки е прекрасен диуретик и се препорачува за отстранување на камчиња и песок од бубрезите и мочните патишта. Тие го препорачувале овој чај: Се земаат 4 лажици свежи семки од лубеница, се дробат или мелат во мелница за кафе. Се варат 15 мин во 2 литри вода. Оваа количина се распоредува и се пие во текот на два дена, а третиот ден се прави пауза. Овој процес се прави неколку седмици по истиот редослед. Два дена се пие, третиот ден пауза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top