Home / алтернативна медицина / Лечење на рак со Газија – за некого спас, за некого отров

Лечење на рак со Газија – за некого спас, за некого отров

Давеникот се фаќа за сламка, а болниот за сè што може да му помогне. И, ако на многумина петролејот им е асоцијација за осветлување, за многу болни е лек против болест. Низ вековите петролејот важел за народен лек против разни болести. Денес со него се лечи карцином во Швајцарија, Франција, Полска и во Унгарија, каде што се продава и во таблети. Се пие во светот, се пие и кај нас. Интернетот е преполн со блогови, информации, препораки за дозирање.

gazija petrolej

СТОМАЧНИ ТЕГОБИ, ВОСПАЛЕНИЈА, ЧИРОВИ

Во Првата светска војна петролејот им го спасил животот на многу српски војници.Овој дериват го користеле и Грците и Турците за сузбивање стомачни заболувања, а француските лекари во 19 век на база на терпентин и петролеј правеле средство за дезинфекција. Евидентирано е дека и Магелан на своите морепловци им давал да испијат петролеј во мали количества.

Лекувањето со петролеј почнало со преработка на нафтата, иако со некои фракции на сурова нафта се лекувало уште во праисторијата. Во древниот Вавилон, нафтените деривати биле користени за лекување на стомачни проблеми, воспаленија и чирови, а процесот на дестилација на сурова нафта во фракции првпат е опишан во 9 век во Персија.

ИСКУСТВО на д-р Паула Ганер
На оваа тема прва јавно прозборувала германската лекарка Паула Ганер од Клиниката “Јакоб” на Мајна, која целиот работен век го посветила на испитување на ракот. Докторката Ганер тврди дека кој годишно пие 12 дена едноподруго по една кафена лажица петролеј, никогаш нема да заболи од рак, леукемија или од друга тешка болест. И самата таа била во тешка ситуација кога на 31 година заболела од рак на цревата, кој ~ се проширил на бубрезите. Кога лекарите констатирале дека не можат да ~ помогнат, ја отпуштиле од болница. Тогаш сопругот ~ препорачал да пие петролеј – по три дена станала од кревет, а по шест недели достигнала нормална тежина и станувала сè подобра и поздрава. Оттогаш и на здрави и на болни им препорачува да пијат петролеј.

За оваа метода постојат сведоштва од 2.000 нејзини пациенти.

Употребата на петролејот е најраспространета во сиромашните земји, вклучувајќи ја Русија, источна Европа и Африка. Студија од Нигерија потврдува дека околу 70 отсто од жителите користат нафтени деривати за лекување најчесто инфекции и инфективни заболувања, автоимуни болести, рак, артритис и ревматски заболувања.

САМО ПРЕЧИСТЕН

gazijaПроф. д-р Станиша Стоиљковиќ, шеф на катедрата за еколошко инженерство на технолошкиот факултет во Лесковец, за магазинот “Билје и здравје” изјавил-Предности на петролејот се неговите термодинамички карактеристики, но под услов да не е инфициран со токсични адитиви и да се користи во мали количества. Терапијата со петролеј треба да ја биде проследена со детоксикација и закрепнување на организмот и да има холистички дијапазон. Ако некој се определи да зема пречистен петролеј, прво треба да почне со мали количества од неколку капки, за по две-три недели да почне да користи супена лажица.

Истовремено треба да користи средства или начин на исхрана што ќе поттикне и овозможи чистење на телото од тешките метали и токсини што петролејот ги покренал, бидејќи тој навистина покренува токсични наслаги од туморските, лимфните и од други депонии, кои завршуваат во ткивните течности. Стоиљковиќ смета дека петролејот има компоненти што можат да ја преминат мембраната на малигната клетка и да го спречат нејзиниот развој. За да дојде до тоа, дигестивниот тракт треба да биде способен за транспорт за да може вената порта во црниот дроб да донесе ароматични фракции на петролејот, кои преку крвта би доаѓале во сите органи и ткива. (В.Т.)

Во народната медицина обично се употребува петролеј што се користи за осветлување на просториите, кај нас познат како газија. На многу блогови на народни исцелители и доктори по алтернативна медицина се препорачува за подобрување на здравствената состојба да се користи обичен петролеј-керозин за осветлување, претходно пречистен, а не авиопетролеј-керозин. Но и тогаш треба да се внимава бидејки на гасот нема декларација за содржина на адитиви и може да дојде до труење.

Германска традиција

Семејството Шварц од Берлин пред 70 години вовело практика, во петок, секој член на семејството да земе коцка шеќер со 15 капки петролеј. Оваа терапија им донела добро здравје и долговечност. Повозрасните членови на семејството дошле до оваа идеја откако прочитале дека српските војници во Првата светска војна ги лечеле сите болести со петролејот.

Пионерот Панчиќ

За лековитите својства на петролејот во лекување на малигните болести прв во светот пишувал Јосиф Панчиќ. Во тоа време некои пациенти од Србија заболеле од рак, па тајно почнале да се лекуваат со петролеј.

Бугарско чудо

Петролејот се пие и во соседните земји. Во Бугарија е евидентиран случај со сите медицински документи за човек излекуван со газија. Хроничен алкохоличар се разболел од рак на црниот дроб и по 10 дена бил отпуштен од болница за да умре дома. Бидејќи немал блиски, сосетката поминувала да го посети за да му се најде. Таа се сетила дека порано баба ~ сите болести ги лекувала со газија и почнала да му дава по една супена лажица газија наутро и навечер. Лекарите констатирале дека тој навистина нема рак. Овој пример за бугарскиот весник “Доктор” го раскажа д-р Емил Христов, поранешен директор на агенцијата за лекови, кој е противник на ваквите средства и начин на лекување и затоа јавно прашува дали поради тој еден случај, сега газијата треба да се регистрира како лек против рак?

Ги ризикувате црниот дроб и панкреасот

Медицинскиот петролеј што надрилекарите го продаваат на заболените од рак, масовно се ку-пува, иако лекарите и стручњаците предупредуваат дека всушност е чист отров кој може да пре-дизвика труење. На интернет може да се најдат и напивка и таблети.

Наташа Грубиша, директор на Агенцијата за лекови и медицински средства на БиХ, вели дека се работи за чист отров и дека позитивното дејство на петролејот во медицински цели не е поз-нато. Таа изјавила дека во Агенцијата се јавиле многу заинтересирани за да го купат.

-Им сугериравме да не купуваат ниту петролеј ниту други алетрнативни лекови бидејќи не им се знае составот, порачала Грубиша.

Саша Јунгиќ, директор на Клиниката за онкологија во клиничкиот центар во Бања Лука за пор-талот “Независне новине” изјавил дека со пиење петролеј луѓето буквално се трујат и дека тоа може да предизвика сериозни последици за здравјето “Самиот факт дека некој пие бензин збо-рува колку е тоа катастрофално. Можно е да се оштети црниот дроб, желудникот и да се воспали панкреасот.

Дневник

Сведоштва за лекување рак со Газија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top