Лебот направен по рецептот на нашите баби, производ кој го чува нашето здравје. Овај леб се правиод пченица и `рж се замесува без квасец туку со кисело тесто со додавање на јогурт во самата смеса. Со ваков леб диетите кои ги препорачуваат нутриционистите само со овошје и зеленчук се непотребни, тврди проф. Д-р Валентина Павлова, декан на технолошко-техничкиот факултет во Велес. Таа долги години вршела анализа и истражување на лебот и тестото од кое се прави и дошла до фрапантни податоци. Белиот леб нема никакви нутриционистички вредности, а лебот направен на традиционален македонски начин не само што е корисен туку на некој начин е и лек за оние со одредени здравствени проблеми.
Анализите кои ги направивме покажаа дека овој леб е многу погоден за конзумирање од страна на лица кои имаат дијабетес бидејќи многу е намален гликемискиот индекс. Можат да го конзумираат и лицата кои боледуваат од болеста цилеракија бидејќи во него нема глутен, а и сите оние кои сакаат да ослабат бидејќи има многу малку кило калории, вели проф. д-р Павлова.
Киселото тесто со кое се замесува ваквиот леб се користело уште 1500 год п.н.е. кај старите египќани. Во нашата земја домаќинките особено во руралните средини и денес го подготвуваат. Ваков леб да се произведува индустриски за да може да се конзумира од широките народни маси.
Проф. д-р Павлова инсистира граѓаните да го конзумираат лебот кој е направен од брашно добиено од цело пченично зрно бидејќи тоа во својот состав ја содржи и лушпата во која пак се застапени сите минерали и витамини особено од Б комплексот. Овој леб има потемна боја, но е многу здрав за јадење. Професорката апелира многу да се внимава при купувањето на црн леб бидејќи секој не е оној вистинскиот. Таа објаснува дека во некои странски земји во тестото се додавало какао за да ја промени бојата.
Павлова им сугерира на граѓаните доколку сакаат да дознаат дали црниот леб е природно црн или во тестото се додадени некакви бои едно парче да потопат во вода. Доколку водата потемни да не го конзимираат лебот бидејќи не онај вистинскиот.