Добра вест е што постојат начини овој ефект значително да го намалите, но мора да бидете внимателни, педантни и упорни кога станува за грижата за вашата коса. Постојат работи кои не треба да ги правите, како и такви кои доколку ги применувате, ќе направат чуда за вашата неиспукана коса.
Најпрво скратете ја косата, а потоа барем еден месец не правете го ова:
- Немојте да користите фигаро или пегла за коса повеќе од еднаш неделно
- Немојте да спиете со фатена коса
- Не вртете прамени помеѓу прстите во текот на денот
- Не сушете ја косата со фен од блиску
- Не користете чешли и четки кои го кршат влакното
- Не чешлајте ја косата кога ви е мокра
- Не тријте ја грубо косата со пешкирот после миење
Затоа пак, ова се релативно евтини производи кои многу ќе ви помогнат:
- Кокосово масло
- Маска од мед и маслиново масло
- Маска од авокадо, јајце и маслиново масло