Home / природен лек / Кој треба – а кој не, да јаде ГРАВ

Кој треба – а кој не, да јаде ГРАВ

Гравот е суперхрана

Едноставно, гравот е нутритивно суперхрана. Тој е еден од најдобрите растителни извори на протеини, сиромашен е со калории, масти и со натриум.

gravОд минералите, гравот содржи бакар, железо, фосфор, манган, магнезиум, а е добар извор и на калциум и на цинк.
Од витамините, гравот е одличен извор на фолна киселина, тиамин, на витамините Б6, Б2 и Б3 и на витаминот К.
Еден оброк со грав ги обновува резервите со железо и со манган и на тој начин се зголемуваат енергијата и антиоксидативната заштита на организмот.
Во народната медицина, мешунките од гравот се употребуваат како лек против шеќерната болест. Намалувањето на шеќерот во крвта е и експериментално, клинички докажано. Тие дејствуваат и диуретично. Мешунките се употребуваат и против воспаленија на мочните патишта.

А, зошто не е добар?

На лицата кои имаат проблеми со варењето, гравот може да им биде претежок продукт, па е препорака пасираниот грав, на кој му е отстранета лушпата богата со пектин, да се зачини со ким, оригано или со мајчина душица, кои го намалуваат дуењето на стомакот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top