Home / природен лек / Кикириките во лушпа лек за мачнините во бременоста

Кикириките во лушпа лек за мачнините во бременоста

Утринските мачнини во бременоста претставуваат проблем за повеќето бремени жени и додека едни чекаат повраќањето да помине само од себе, други јадат кикирики.

kikiriki-ee754924Мачнините и бременоста не реткост, а се повеќе идни мајки одат на гинеколог и нутриционист за да го решат овој проблем. Додека едни тврдат дека утринските мачнини се наследни и дека тука ништо не може да се измени, други тврдат дека лек постои.

Со сигурност може да кажеме дека чаша млака вода со лимон ги ублажува мачнините, но не ги отстранува целосно. Мајките кои поминале низ оваа фаза велат дека им помогнало овошјето како јаболките и крушите, кои ги конзимурале секогаш кога ќе добиеле нагон за повраќање. Други тврдат дека им помогнала ломонадата, која ја засладувале со мед, а не со шеќер.

Светските гинеколози тврдат дека длабокото дишење во бременоста, особено, кога бремената жена чувствува мачнини секако е одличен совет.

Проверено одличен рецепт за секоја бремена жена, чии утра почнуваат со мачнини се кикирките во лушпа. Доколку и вие сте една од нив, тогаш е пожелно секогаш во домот да го имате овој продукт. Некои мајки тврдат дека секогаш кога имале мачнини во текот на денот јаделе кикирики во лушпа. Повеќето од нив признаваат дека не излегувале од дома без оваа намирница.

Експертите велат дека за време на мачнините мозокот треба да го насочиме кон некоја мануелна работа, како што е чистење на кикирики. Затоа е покорисно да ги чистите кикириките, отколку да ги јадете исчистени. Некои изјавиле дека во тој случај кикириките можат да ги заменат со семките од тиква или сончоглед. Ефектот не бил ист. Оние кои наместо кикирики јаделе семки од тиква или сончоглед и натаму чувствувале мачнини.

Кикириките содржат висок процент на фосфор, кој директно влијае врз намалување на мачнините.

Фосфорот позитивно влијае врз сите ментални процеси, ја смирува нервната напнатост и го подобрува расположението.

Лидер.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top