Home / природен лек / Кари зачин – еве што лечи

Кари зачин – еве што лечи

Освен како додаток во јадење, карито се користи и во традиционалната индиска медицина, за подобрување на дигестијата, болести на цревата, здрав црн дроб и други потешкотии во врска со дигестивниот систем.Особено е добар во заштита на мозочните ќелии. Се смета дека помага во борбата против ракот и Алцхајмеровата болест. Истражувањата покажеле дека во Индија која се смета за земја каде најмногу се консумира овој зачин, многу е помал бројот на луѓе заболени од овие болести.

zacini-kariСпоред студијата од 2006 год. од страна на шкотски институт, зачинот кари е носител на главната компонента присутна во аспиринот. Што значи дека го има истото дејство. За да немате главоболки зачинувајте ги салатите и месото со овој зачин.

Во оригинален состав, карито е составено од кориандер, куркума, ким и тилчец. Во зависност од вашите желби, во него може да се додаде и лук, ѓумбир, чили, мускатно оревче, црвен и црн бибер, цимет и уште многу други зачини.

Ракот на дебелото црево е вториот најсмртоносен вид рак. Пациентите со напреден стадиум на развој на рак добиле таблети со висока концентрација на куркумин, за да се утврди дали тоа може да го зголеми ефектот на појаките но високо токсични лекарства од хемотерапијата.

Половината од пациентите со оваа тешка болест, околу 20 000 души, достигнале напреден стадиум, каде ракот се распространил и бил тежок за лечење. Студијата покажала дека куркоминот штити од рак и го зголемува ефектот на лекарствата наменети за уништување на раковите клетки во дебелото црево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top