Home / природен лек / Карфиол за сите видови канцер

Карфиол за сите видови канцер

Карфиолот во себе има состојки што можат да ја зголемат способноста за обнова на ДНК-структурата во клетките и да спречат тие да станат канцерогени

karfiolПочна сезона на карфиолот, а за неговите корисни дејства допрва дознаваме. Карфиолот има антиканцерогено дејство – хемикалиите што се наоѓаат во него, во брокулата и во зелката може да ја зголемат способноста за обнова на ДНК-структурата во клетките и да спречат тие да станат канцерогени. Ова се вели во една студија публикувана деновиве што ја изготвија експерти од Универзитетот Џорџтаун.

Освен тоа, карфиолот има многу витамин Ц: во 100 г има дури 80 отсто од потребната дневна доза. Кога на ова ќе се додаде големата количина фолна киселина (витамин Б), карфиолот е продукт за кој слободно може да се каже дека дејствува превентивно против срцеви заболувања, помагајќи да се намали нивото на хомоцистеин во крвта. Дејствува превентивно и кај ревматските заболувања и кај развој на мултиплекс склероза.

Карфиолот е добар извор и на витамин К, неопходен за метаболизмот на калциумот. Богат е и со калиум, фосфор и сулфур. Може да се консумира свеж, во салата (така максимално се чува витаминот Ц), а ако го варите, најдобро е кратко варење на пареа, која во најголема мера ги чува корисните материи.

Чорба од карфиол

Потребно е: 400 грама карфиол, кромид, коцка за супа, 1 супена лажица семе од ким, 3 супени лажици слатка павлака, дополнителни парчиња карфиол за печење, сок од еден лимон, магдонос, сол и бибер, маслиново масло.

Полека пропржете го кромидот, ставете сол, а потоа додадете и една полна лажица семе од ким. Пржете ги заедно неколку минути. Ставете издробена коцка за супа, а потоа и парчиња карфиол и прелијте со жешка вода. Оставете ја течноста да зоврие се’ додека да омекне карфиолот.

Салата со карфиол

Состојки: 600 г карфиол, 60 г кисели краставички , 60 г црни или зелени маслинки без семка, 80 г кисели пиперки од тегла, 1 лажица сечкан магдонос, киселина и сол.

Карфиолот се кине на мали цветчина и се вари во солена зовриена вода 5 минути. Се цеди и лади.

Краставичките, маслинките и пиперките исечкајте ги, додајте ги во карфиолот и измешајте. Ставете сол, киселината и маслото по вкус.

Салатата посипете ја со магдонос и служете.

Супа од карфиол

Состојки: целер, 1 карфиол, кромид, сол.

Карфиолот разделете го на ситни делови, исечкајте го кромидот покрупно, а целерот на поситни делови. Потоа ставете ги во подлабоко тенџере да зовријат. Супата е готова за 30 минути. На крај се посолува.

Utrinski Vesnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top