Home / Болести и лечење / Како да се ослободите од хрчење

Како да се ослободите од хрчење

Пробајте да спиете на стомак, бидејќи кога спиете на грб,  јазикот и непцата го затвараат протокот на воздух, што предизвикува хрчење. Голема е веројатноста дека ќе се свртите во сон, па пробајте да ја гушнете перницата со што подолго ќе се задржите на предната страна.

My-Snoring-Solution-Chinstrap-620x330Доколку хрчењето е предизвикано поради запушување на носот , треба да се стават капки за нос на база на морска вода. Доколку запушувањето на носот трае подолго обратете се на лекар.

Ленти за нос се исто ефикасни, тие го држат носот отворен и го зголемуваат протокот на воздух, со што се ублажува хрчењето.

Неколку саати пред спиење не јадете тешки оброци и не пијте алкохолни пијалоци. Смалете го пушењето, бидејќи пушењето предизвикува дразнење на слузницата и отекување на грлото што доведува до затвoрање на дишните патишта и појава на хрчење .

Ако имате алергија на прашина , неопходно е да ја одржувате собата чиста и ако е можно без теписи и завеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top