Home / аларм / Како да преживеете убод од стршлен

Како да преживеете убод од стршлен

Доколку се занимавате со градинарство, бидете внимателни и заштитете ги отворените делови на телото. Доколку сепак дојде убод, веднаш извадете ја боцката и ставите студен облог.

strslen1До анафилактичен шок по убодот од стршлен доаѓа од повеќе причини:

– Поради тоа што лицето е алергично од тој инсект.

– Поради тоа што убодот е на незгодно место – во пределот на лицето или вратот, каде што отокот предизвикува гушење.

– Доколку лицето претходните денови веќе било повредено од стршлен или оса, па имунолошкиот систем станал премногу чувствителен на алерген и во случај на повторен убод доаѓа до анафилактички реакции на организмот.
Потребно е да се нагласи дека во случај на анафилактичен шок, веднаш треба да се повика итна помош, за да се спроведе антишок терапија. Таа терапија може да ја изведат само професионалци кои се следење на симптомите ја одредуваат дозата на антихистаминик и кортикостероид, за да ја неутрализираат алергиската реакција.

Доколку човекот е во смртоносна опасност, а во тој момент нема лекар кој би му помогнал, алергиската реакција може да се ублажи со адреналинска инекција која е примена однапред. Затоа, доколку сте изложени на опасност од стршлен, а посебно доколку сте алергични од убодот на истиот, потребно е да имате таква инекција, но пред се треба да се консултирате со лекар.

Во случај да нема алергиска реакција, туку станува збор само за обичен оток, местото на убодот треба да се третира со студени облоги. За таа цел можете да употребите студен предмет како што е метална лажица. Меѓутоа, во некои случаи, алергиската реакција може да задоцни од 8 до 10 часа, па сепак најдобро е да се обратите кај лекар.

За крај ви даваме уште еден корисен совет. Искусните пчелари велат дека отоците од стршлен, пчела и оса, може да се ублажат со помош на аспирин или андол. Потребно е таблетата да ја држите на отокот една минута.

Точка.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top