Во топлите денови, кога сме изложени на сонце, промените на кожата можат да бидат знак за меланом, најтежок облик на ракот на кожа.Младежите, кои самите по себе не се опасни, понекогаш можат да бидат знак на предупредување на сериозна болест. Во однос на останатите облици на рак, многу е лесно да се воочат, а ако е рано откриен, во голем број случаи лесно се лечи.
На ризикот од меланом, кој е најопасниот облик на рак на кожата, сме изложени сите, но некои повеќе од останатите: луѓето со бел тен се склони да изгорат на сонце, луѓето кои се здобиле со изгореници од сонце во детството, оние кои што поминуваат многу време на сонце или се изложени во краток период, луѓето кои користат солариум, оние кои имаат повеќе од 50 младежи или во фамилијата имаат некој кој што имал рак на кожа.
Во факторите на ризик спаѓа генетското наследство и годините на живот, бидејќи со текот на времето се акумулираат негативните ефекти на зрачење и влијание на средината, но и ризично однесување, какво што е печењето во солариум. Кожата памети од 50 до 80 проценти од вкупното оштетување на кожата од сонцето, се апсорбира до 18 години живот и затоа е многу заначајна за заштита на децата и адолесцентите од сонце. Иако не е прецизно утврдено времето на излегување кое е штетно, се верува дека од пет до триесет минути дневно е доволно да се собере потребната количина на витамин D3, па така секое подолго излегување на сончевите зраци го зголемува ризикот за рак на кожата.
Опасноста за тинејџерите особено се наоѓа во употребата на солариум, кој што емитува само UVA зраци, а не може да доведе до адекватна синтеза на витаинот D. Сончањето во солариум го зголемува ризикот од меланом за 75 проценти.
Најдобра заштита е избегнување на директно дејство на сонцето во периодот кога е најинтензивно. Обидете се, додека сте надвор да одите што повеќе под сенка, облечени во соодветна облека, која ќе ги заштити критичните места што најмногу ви горат. Шеширот и очилата се исто добра заштита, но не ја заборавајте и кремата, макар и кога шетате на улица.
Поради лесно воочување на промените на младежите треба да ги познавате ABCDE правилата, каде секоја буква означува неправилност на кожата на која треба да обрнете посебно внимание.
365.com.mk