Овој богат извор на хранливи материи ретко го гледаме како храна која може да не’ засити, и токму поради таквиот третман често знаеме да претераме со ова вкусно семе без да сфатиме дека всушност сме го прејале нашето тело со калории и други материи.
Сепак, во нормални количини сончогледовото семе е многу добро за нашето здравје. Еве неколку добри причини да не чувствувате вина кога ќе се прејадете од ова слатко мало задоволство:
1.Богати се со енергија, односно 100 грама семе содржи 584 калории. Сончогледот е и неверојатен извор на нутритивни материи кои се добри за здравјето, како минерали, антиоксиданти и витамини.
2.Голем дел од неговите калории доаѓаат од масните киселини. Семињата се особено богати со линолеична киселина. Исто така се добри за намалување на „лошиот холестерол“ и поттикнување на „добриот холестерол“ во крвта.
3.Како и другите семени растенија, сончогледот е многу добар извор на протеини и аминокиселини со добар квалитет, како тритофанот, кој е значаен за растот, особено кај децата. Само 100 грама семе обезбедува околу 21 грам протеини.
4.Семето од сончоглед содржи и соединенија на полифенол и хлорогенична киселина, кванична киселина и кафеични киселини. Тие се природни антиоксиданти, кои помагаат да се отстранат штетните оксидантни молекули од телото.
5.Семето е исто така богато со витамин Е, и содржи околу 25,17 грама витамин Е на 100 грама семе.
6.Семето од сончоглед е еден од најдобрите извори за Б-комплекс групата на витамини. Тие се добри извори на Б-комплекс витамини, како ниацин, фолна киселина, тијамин, пиридоксин, патотенична киселина и рибофлавин.
7.Семето е и неверојатно богат извор на многу есенцијални минерали. Калциум, железо, мандан, цинк, магнезиум, селениум, и јаглен се особено концентрирани во сончогледот. Многу од овие минерали имаат витална улога во минерализацијата на коските, продукцијата на црвени крвни зрнца, синтеза на ензими, создавање на хормони, како и регулација на кардио и мускулните активности.