Home / алтернативна медицина / Јадете со сребрени лажици и вилушки – Среброто ги убива сите бактерии, појачува дејството на антибиотик

Јадете со сребрени лажици и вилушки – Среброто ги убива сите бактерии, појачува дејството на антибиотик

Бактериите имаат непријател, а тоа е среброто. За антибактериското дејство на овој благороден метал знаел уште Хипократ, но до денес никому не му било јасно како се случува тоа. Новите истражувања во магазинот „Translational Medicine“ направиле голем пресврт во борбата против бактериите кои се се` поотпорни на антибиотици.

bacteriaИстражувачкиот тим под водство на Џејмс Колинс, биомедицински инженер од Бостон Универзити во Масачусец, открил зошто среброто е погубно за бактериите. Утврдено е дека среброто во облик на истопени јони ги напаѓа ќелиите на бактериите на два начини – нивните мембрани ги прави поопуштени, и втората е дека во нив поттикнува силно создавање на реактивни и често отровни спојки на кислород. Двата механизми може да се употребат за зголемување на дејството на антибиотикот на отпорните бактерии.

„Отпорноста на бактериите расте, а бројот на новите антибиотици паѓа.“, изјавил Колинс. Биомедицински инженер покажале дека лековите во комбинација со мали количини на сребро убиваат 10 до 1000 пати повеќе бактерии.

Ова откритие може значајно да го поттикне развојот на антибиотици и да ги реши проблемите со отпорните бактерии, но експертите предупредуваат дека пред тоа мора да се ослободат и од токсичноста на среброто бидејќи овој метал е отровен за човековиот организам. Отпорноста на бактериите на антибиотици е се посериозна закана на современата цивилизација, а советникот на британската влада за здравје, професор Дам Сали Дејвис изјавил дека отпорноста на бактериите на антибиотици претставува закана за човештвото слична на глобалното затоплување и тероризмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top