Изреката според која се воделе нашите баби „јадеш за двајца“ е се освен точна, бидејќи со себе може да донесе бројни здраствени проблеми.
Жените во бременоста не треба да јадат за двајца, бидејќи на тој начин се таложат маснотии кои можат да ја загрозат бременоста, а подоцна, по породувањето жените можат да станат депресивни поради насобраните вишок килограми кои се многу потешки да се изгубат, објаснуваат лекарите и додаваат дека секој вишок килограми може да биде штетен како за мајката, така и за детето.
Вишокот на килограми негативно делува и на детето кое во тие ситуации и детето може да биде со прекумерна тежина. Што се однесува до мајката, освен физичките последици како собирање вода, тромавост, замор и болки во зглобовите таквата состојба влече со себе цела серија здравствени компликации, како што се гестациски дијабетес и висок крвен притисок во бременоста.
КОЛКУ КИЛОГРАМИ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА ДОДАДЕТЕ ВО БРЕМЕНОСТА?
Секоја жена во текот на бременоста накачува одредена тежина, но колку е оптималната зависи од физичките предиспозиции на мајката во самиот почеток на бременоста.
- Жените со оптимален индекс на телесна маса (20 – 25 BMI)- 10 до 20 килограми
- Жените под просечиот индекс на телесна маса (под 20 BMI)- 15 до 17 килограми
- Жените над просечниот индекс на телесна маса (25 – 30 BMI)- 5 до 7 килограми
КАКО ДА ГО КОНТРОЛИРАТЕ ЗДРАВОТО НАКАЧУВАЊЕ НА КИЛОГРАМИ ВО БРЕМЕНОСТА?
- Јадете здрава и разновидна храна
- Распоредете 5 оброци во еден ден
- Не надминувајте 2.300 калории дневно
- Умерена физичка активност
- Со редовно мерење водете евиденција за добиените килограми
Но, борбата со килограмите продолжува и по породувањето. Експертите посочуваат дека ригорозните диети никако не се добри за телото на мајката бидејќи слабеењето е процес со кој треба да бидете трпеливи.
Периодот по раѓањето на мајката е многу стресен и тежок, и на телото му треба време за да се врати во првобитната состојба. Со процесот на слабеење треба да се причека најмалку три месеци по раѓањето, велат лекарите.
majkaidete.mk