Home / Болести и лечење / Истражување: Неверојатната врска на зелениот чај и ракот

Истражување: Неверојатната врска на зелениот чај и ракот

Ново истражување откри како една активна компонента на зелениот чај, ги уништува канцерогените клетки во панкреасот. Истражувачите веруваат дека откритието е знак за нов пристап кон проучувањето на превенцијата на ракот, пренесува Фактор.

zelen chajОткритието е објавено во списанието “Метаболомиката” и истражувањето го покажува ефектот на епигалокатехинот гала или „EGCG,” активен биолошки агенс од зелениот чај. Ова покажува дека EGCG го менува метаболизмот на клетките на ракот на панкреасот преку потиснување на лактатот дехидрогеназа А или LDHA, а тоа е ензимот кој предизвикува клетките на ракот да се делат многу брзо.

Бројни студии пред тоа докажаа за придобивките на зелен чај и неговите екстракти за третман на рак, како и други болести. На пример, една објавена во 2012 година докажува дека пиењето на зелен чај може да го намали ризикот од рак на дигестивниот систем кај жените.

EGCG ја нарушува размената на материите во клетките на ракот преку инхибиција на LDHA. Без да заглави повеќе во научна терминологија, јасно е дека пиењето на зелен чај е идеално средство како за превенција на рак, така и за лекување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top