Home / алтернативна медицина / Инфрацрвен третман – надеж за болните од канцер?

Инфрацрвен третман – надеж за болните од канцер?

Чудесната биогенетичка енергија наречена ФИР-зрачење (фар инфра ред или далекосежно инфрацрвено или инфраред-зрачење) помага за лекување на многу болести, од болки во коските, хормонални нарушувања, Алцхајмер, па с` до уништување на канцерогени клетки. Ова алтернативно лекување е откриено уште пред стотина години во Јапонија и се чини станува с` популарно. Одредени јапонски и кинески научници и лекари сметаат дека за десетина години ова ќе биде најзастапен метод за лекување на сите болести.

Тераписки извори на ФИР-зраците

712AD360234B1843AB46ED8E6A84C615Древната медицина не располагала со современи технологии, па како извор на ФИР-зраците се користело зимското сонце или кал што содржела керамичка пудра, што поседува својство на емитирање на ФИР-зраци. Денешната технологија овозможува низа на производи кои ги емитираат овие зраци.

– текстилните производи во вид на долна облека, чорапи, ортоза, тераписка лента, со кои можеме да го изложиме целото тело или заболениот дел.

– ФИР- ламби

– ФИР-ќебиња, душеци, слични производи со вградени материјали или текстил кој пренесува ФИР-зраци

– масажери со додаток од ФИР-зраци

– ФИР-сауни кои немаат лошо влијание на кардиоваскуларниот систем како што е обичната сауна. Поврзаноста со нанотехнологијата и овие зраци отвора ново тераписко поглавје во историјата на медицината, што во наредните десетлетија се очекува да ги потисне класичните лекувања и да завладее во секојдневната употреба. Наночестичките селективно блокираат вдишување на многу бактерии, но и канцерогени клетки. За разлика од антибиотиците и цитостатиците каде што одредени содржини се штетни.

Сите овие производи се лесно достапни за набавка, но потребно е дополнително упатство за употребата и лекувањето, бидејќи секое лекување има точно одреден третман и временски период кога болеста треба да биде победена.

Позитивна интеракција на биоенергијата

list_cancer_san_geneПаровите што спијат заедно во кревет имаат функција на примачи и давачи на ФИР-зраци, од еден кон друг. Додека луѓето седат и разговараат си префрлаат бранови од ФИР-зраците. Затоа добро се чувствуваме за време на дружбите со лицата што ни се блиски.

Заздравувачката моќ на ФИР-зраците

Јапонските и кинески медицинари го следеле влијанието на ФИР-терапиите на низа заболувања и констатирале благотворни дејства:

– дејствува на цело тело

– дегенеративни и пострауматска состојба на зглобовите, мускулите и тетивите, автоимуни болести, ревма, псоријаза, астма…

– при намалена отпорност на организмот, инфекции, бактерии, вируси – хормонално нарушување, дебелеење – невродегенеративни заболувања, мултипла склероза, Алцхајмерова болест

– чувство на хроничен замор, опаѓање на апетитот и безволност – хронично заболување на црниот дроб, белите дробови и кардиоваскуларниот систем

– туморски заболувања

– ФИР-зраците значајно ја намалуваат дозата на цитостатиците и го намалуваат периодот на лекување

Јапонска превенција

Јапонците многу темелно ја истражувале инфрацрвената технологија на која ~ нашле повеќенаменска употреба во различни области. Во периодот од 1977 до 1987 биле одобрени повеќе од 150 патентирани употреби на инфрацрвената технологија. Тие дури сметаа дека инфрацрвените зраци може да бидат користени и како превентива од евентуални заболувања. Како што ги согледувале позитивните резултати така с` повеќе и почесто ја употребувале. Денеска ја користат за заштита и конзервирање храна, за готвење, сушење и загревање.

Дел од тие производи се:

– Длабински инфрацрвени душеци за спиење и греалки, инстант-затоплувачки сауни

– Пластични садови од истата (ФИР) технологија кои ги чуваат рибата и зеленчукот посвежи и подолго време во вашиот ладилник.

– ФИР-рерни што успешно ги заменуваат микробрановите печки – ФИР- керамика – ФИР-текстил како чорапи, ракавици, јакни, седишта за автомобили – ФИР-фен за коса, поефективен и побрз, го намалува оштетувањето на косата.

– ФИР-клинички третмани

Технологијата полека ја спроведува и Европа

До денес имало над 700.000 инфрацрвени топлински системи што се продаваат во Азија за третмани на целото тело. Дополнителни 30 милиони луѓе добиле локализиран ФИР-третман во Азија, Европа и во Австралија со ФИР-светилки, кои емитуваат исти 2-25 микрони бранови должини. Во Германија лекарите во независно развиена форма ја користеле инфрацрвената терапија за целото тело, кај пациенти над 80 години.

За потенцијалните бенефити од терапијата со инфрацрвени зраци пишувал професор Нил Пилер, лидер на тимот од Клиниката за процена на лимфоедем при Медицинскиот центар на Универзитетот во Флиндерс, Јужна Австралија во 2005.

– С` уште постојат некои неизвесности во врска со придобивките од далекосежната инфрацрвена технологија бидејќи с` уште нема голем број клинички испитувања. Сепак тие експериментални испитувања кои се направени цврсто ја препорачуваат оваа терапија и нејзините бенефити, вели тој.

Зрачење на билки за поголемо антиканцерогено дејство

Дел од резултатите на научните испитувања кои се спроведувале во Јапонија покажале дека ако некои билки се подложат на влијание на инфрацрвени зраци нивното антиканцерозно дејство ќе се зголеми.

Така, може да се комбинира со друга алтернативна медицина што е заснована на билки и растенија, а инфрацрвените зраци, само ја зајакнуваат детокскацијата.

Терапијата со вакво зрачење ги елиминира мастите, хемикалиите и отровите од крвта, како и канцерогените тешки метали, токсични материи од преработка на храна – млечна киселина, слободни масни киселини, и поткожните маснотии.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top