Home / Болести и лечење / Имате грчеви и ве мачи дебело црево – Еве со кои тревки да се лечите сами

Имате грчеви и ве мачи дебело црево – Еве со кои тревки да се лечите сами

Лицата што имаат полип или рак на дебелото црево во рана фаза, главно не чувствуваат никакви симптоми. Ако се појават, знаци на болеста се крв во изметот, болки, грчеви во стомакот, промена на ритамот на празнење, губење на телесна тежина, како анемија што понекогаш е единствен начин да се открие болеста. Седиментацијата често е нормална, а зголемената фосфатаза укажува на метастази во црниот дроб.

Класична медицина

debelocrevo-3f7fdc34Хирургијата е основен начин на лекување на ракот на дебелото црево, а нејзини примарни цели се подобрувањата на квалитетот на животот на пациентот и спречување повторно јавување на туморот. Пациентите во напредна фаза на болеста се лекуваат со широки хируршки зафати кои вклучуваат отстранување органи, кај жените најчесто тоа е матката, а кај мажите простатата или тестисите. Ако заболувањето се открие во раната фаза, може да се отстрани зафатеното ткиво.

Како треба да се храните?

Туморот на дебелото црево може да се избегне со правилна, здрава и урамнотежена исхрана која подразбира исхрана без маснотии и рафинирани јаглеродни хидрати, помалку внесување црвено месо, одбегнување алкохол и цигари. Од друга страна, се препорачуваат продукти богати со растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданси. Се препорачува медитерански начин на исхрана и храна со растително потекло (жито, зеленчук, овошје, ореви, бадеми и лешници), маслиново масло, умерено количество млечни производи, риба и бело месо. Се советува внесување поголемо количество сурова храна или кратко термички обработена храна. Треба да се исфрли пржена и печена храна со рафинирано масло. Во превенција од рак на дебелото црево голема улога има и секојдневната физичка активност, бидејќи на тој начин се поттикнува контракција на мускулите на цревата и се спречува опстипација. Покрај тоа, неопходно е да се одржува оптимална телесна тежина. Полипот на дебелото црево треба задолжително да се отстрани за да не се развие во карцином. Лицата што се изложени на ризик од рак на дебелото црево (семејна историска болест, полипи на дебелото црево) мора редовно да го контролираат здравјето и да консултираат со лекар за нивната здравствена состојба.

Секако, познато е дека многу од билките се лековити, но магазинот Natural Medicine Journal издвојува неколку рецепти и начини како да се победи оваа болест.

Рецепт за подобра работа на цревата

Една супена лажица ситно исечкан равнец, листови магдонос, лист од бреза и две супени лажици од цвет од кантарион во 1,6 литар вода. Сето тоа се вари на тивок оган околу 90 минути, се процедува и се засладува со мед по желба. Таа напивка се пие во текот на целиот ден.

За намалување на грчевите

Две супени лажици ситно сечкан лист од магдонос, една супена лажица цикорија во 7дл варена вода. Се остава да стои поклопено во сад околу 90 минути, потоа се процедува и се засладува со мед. Овој пијалак се пие пред појадок, ручек и вечера. Секојпат во шолјата ставете по една лажица полен. Дневната доза полен треба да изнесува 20 г.

Превентивен рецепт

Две супени лажици од сечкан цвет од бел слез, борови иглички и една супена лажица сечкан лист од кантарион, лист од коприва, лист од нане и лист од жалфија. Сето ова ставете го во варена вода од 1,6 л. Пијалакот нека отстои 90 минути во поклопен сад, а потоа консумирајте го во текот на целиот ден.

Растителни влакна

Зеленчук, овошје, зрнести плодови се најдобар извор на растителни влакна. Исхраната богата со овие продукти штити од срцеви заболувања, рак на дебелото црево и дијабетес. Влакната го забрзуваат поминувањето на храната низ дигестивниот тракт, го стимулираат варењето на хранливите материи, а покрај тоа многу брзо ги отстрануваат канцерогените матери во организмот.

Ленено семе

Лененото семе пред консумирањето треба да се сомеле или издроби и да се стави да отстои во вода. Идеална доза што ја препорачува магазинот за алтернативна медицина се две супени лажици ленено семе во еден литар вода. Главна состојка на лененото семе е слуз што во допир со вода се набабрува и помага за празнење на цревата на целосно природен начин и без несакани ефекти.

Ѓумбир

Ѓумбирот е зачин кој содржи куркумиониди, супстанции кои имаат антиоксидативно, антибактериско и антиинфламаторно дејство. Оваа билка го чува здравјето на црниот дроб, го намалува нивото на холестерол во крвта и како што докажале неколку студии го блокира развојот на канцерогените клетки. За најефикасен се смета против рак на дебелото црево, рак на дојката и леукемијата. Ѓумбирот е редовна состојка и при диетите што се применуваат против канцер, а особено се препорачува да се консумира како чај или како додаток на салата.

Dnevnik

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top