Home / аларм / И со витамини може да се предозирате: Симптоми се главоболка, сува коса..

И со витамини може да се предозирате: Симптоми се главоболка, сува коса..

Хипервитаминоза е состојба со која организмот се справува особено тешко. Експерти од англиската државна Агенција за стандардизација на храната велат дека благодарение на неколкугодишни напори се собрале доволно докази за штетата што може да ја нанесат витамините врз организмот ако се внесат преголеми количини.

vitaminiСпецијалистите сметаат дека додека комбинираните витамини и минерали се продаваат сосема слободно, истовремено можноста тие да се појавуваат на пазарот како додатоци во исхраната, а не како лекови, создава предуслови за појава на недоволно тестирани и квалитетно произведени производи.

Витаминот Е, пак, во многу големи дози предизвикува главоболка, замор, гастроинтестинални проблеми, замор. Во надминати количини тој го попречува правилното и целосно апсорбирање од телото на витамините А и Д. Специјалистите истакнуваат дека пушачите што земаат големи дози од овој витамин по препорака треба да земат антиоксиданси, а кај луѓето со срцеви заболувања проблемите се зголемуваат, иако витаминот Е и кај нив се препорачува како превенција.

Сувост на усните, кожата и на косата

Некои од искажаните симптоми на труење како последица на предозирање со витамин А се сувата кожа, но и усни и коса. Во некои потешки случаи кожата на лицето дури побледува. Повисоката доза, пак, бета-каротин може да предизвика каротинодермија, состојба при која бојата на кожата станува темножолта, особено на дланките и на петиците.

vitaminЕпидемиолошки истражувања покажуваат дека ризикот од кршење на колкот кај жените по менопаузата е два пати поголем кај оние што секојдневно зеле витамин А повеќе од 1.500 мкг отколку кај жените што внесувале 500 мкг од овој витамин.

Експертите велат дека штетата од предозирање со овој витамин штети и кај бремените жени и кај децата. Истовремено, научниците се попречени да дефинираат безбедна доза бидејќи проблемот не е доволно добро истражуван. Тие предупредуваат дека во споредба со повеќето други витамини и минерали, витаминот А многу полесно може да доведе до предозирање.

За витамински додатоци консултација со лекар

Голема количина цинк ја попречува апсорпцијата на бакарот и така предизвикува нејзин недостиг. Ова води до зголемување на холестеролот во организмот и соодветно до почеста појава на проблеми со срцето. Покрај тоа, железото и цинкот често влијаат негативно и на тој начин се развива анемија. Особено внимателни треба да се и луѓето со алергии. Не е исклучено некои витамински елементи да предизвикаат сериозни алергиски реакции. На пример, познато е дека таквите последици се јавуваат при контактот на никел со кожата. Слични реакции се целосно можни и кај внатрешното прифаќање на никелот.

4629-Kako-da-prepoznate-nedostatak-vitaminaКај мажи што зеле зголемени дози бор (10 мг дневно) по четири недели се гледа зголемување на женските хормони во крвта, што и покрај недостигот на доволно истражувања, најверојатно, негативно ќе влијае врз нивниот репродуктивен систем.

Заклучокот на англиските експерти е дефинитивен: јадењето балансирана исхрана го обезбедува организмот со витамини и минерали, а дополнителното прифаќање витамински препарати не е безбедно и треба да се консумира со консултација со лекар.

Витамините ни се всадени во умот

Предозирањето со разни витамини е опасна состојба, која се карактеризира со специфични симптоми.

Витамините најчесто ги поврзуваме со виталноста, енергијата и здравјето. Навикнати сме да прифаќаме еден витамин или комбинација на неколку за да влијаеме за подолг живот и повеќе здравје. Придобивките од витамините се всадени во нашите умови до таков степен што почнуваме да ги чувствуваме ефектите уште пред всушност да се појават.

vitaminite-300x199Сепак, треба да имаме на ум дека секој вид витамини треба да се зема според нашите лични потреби, и тоа по консултација со лекар или специјалист. Понекогаш усвојувањето поголеми од препорачаните дози витамини може да предизвикаат сериозни штети. Луѓето што внесуваат мегадози витамини ќе треба да се соочат со лоши последици од своите постапки.

Гастрична непријатност

Земањето повеќе од препорачаната доза витамини може да го доведе желудникот до непријатност и дигестивни проблеми. Тоа се случува бидејќи некои витамини не се складираат во телото. Покрај тоа, кон симптомите може да се додаваат и дијареја, гадење, повраќање и губење на апетитот.

Повисок прием на витамин Д може да предизвика разни видови гастроинтестинални проблеми, па дури и да доведе до хиперкалцемија. Тоа е состојба и се јавува како последица на прекумерната апсорпција на калциумот во телото, условено од високата доза витамин Д.

Главоболка и сонливост

Зголеменото внесување на некои витамини предизвикува раздразливост, главоболка и поспаност. Понекогаш создава чувство на слабеење на телото.

Сензорна невропатија

Предозирањето со витамин Б6 предизвикува сензорна невропатија, состојба при која пациентот чувствува болка и вкочанетост на прстите на рацете и на нозете. Ова може да доведе и до отежнато одење.

Често уринирање

Зголеменото внесување витамин Д може да предизвика зголемено мокрење, формирање камења во бубрезите и понекогаш дури бубрежна инсуфициенција. Затоа, секогаш е препорачливо да посетиме лекар пред да ја зголемиме дозата на кој и да е од витамините, особено ако имаме висок крвен притисок или дијабетес. Најдобар начин е да ја земаме предвид дозата препорачана на пакувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top