Докторката по молекуларна биологија и биохемија од Хрватска, Луција Томљеновиќ, која во моментов работи на Факултетот за медицина на Универзитетот Колумбија во Канада тврди дека вакцинирањето е непотребно внесување на алуминиум и штетни честички во организмот кои предизвикуваат огромен број на болести, меѓу кои и аутизам. Нејзиното истражување се фокусира на објаснување на механизми со кои вакцините и нивните хемиски адитиви може да предизвикаат невролошки и автоимуни болести.
Таа исто така работи на развивање на нови протоколи засновани на биомаркери кои ќе овозможат да се утврди дали некои несакани дејства по вакцинацијата се поврзани со вакцината или настанале сами по себе. Оваа докторка чии трудови се објавени во високо влијателни медицински списанија вклучувајќи ги „Annals of Medicine“, „Journal of Internal Medicine“, „JAMA“, „Current Pharmaceutical Design“, „Vaccine and Lupus. Пред да работи во Канада Томљеновиќ работела во Австралија, од каде си дала отказ затоа што сопственикот ја прашал за да фалсификуваат податоци од нивните студии на статинитеод неа барал да ги лажира податоците од нивната студија за лекови за намалување на холестерол. Таа анализа покажала дека тестирањето на тие лекови врз животни имале фатален резултат за животните.
Од тогаш докторката станала скептична и на сите новини гледала внимателно. Во врска со вакцините др. Томљеновиќ вели дека наивно е да се претпостави дека манипулацијата на имунолошкиот систем со зголемување на бројот на вакцини за време на развојот на мозокот нема да имаат негативни и долгорочни последици, вклучувајќи постојани развојни нарушувања како што се аутизмот, хиперактивноста, ментална ретардација, епилепсија, итн. Покрај тоа, таа тврди дека експериментите на животни покажале дека претераната стимулирање на имунолошкиот систем во развој може да предизвика долгорочни негативни ефекти врз нормалниот развој на когнитивни и социјални вештини, кои се манифестираат на пример, со зголемување на страв и вознемиреност , дефицитите во социјалната интеракција, абнормалности во сензомоторни функции.
Повеќето од овие симптоми се многу карактеристични за аутизамот кој е се почест меѓу децата после вакцинирањето. Доктор Томљеновиќ открива дека Американската агенција за храна и лекови ФДА признала дека вакцините не се соодветно тестирани за токсичност и тврди дека токсичниот алуминиум во вакцините јасно покажуваат дека тој во себе може да предизвика несакани дејства како автоимуни и имунолошки болести кај животните и луѓето. „Медицински власти продолжуваат да тврдат дека здравствените ризици од вакцините се занемарливи, но таквите изјави се во остар контраст со голем број научна литература“, тврди Томљеновиќ.
На пример, инјектирање на 1 mg / kg на алуминиумска наночестичка во возрасни стаорци била доволна за да предизвика значителни воспалителни запаленија во мозокот на животното. Според американската имунизација, децата на возраст од 2, 6 и 15 месеци добиваат слични количини на алуминиум. Зголемената изложеност на алуминиум адјувантна голема мера корелација со зголемување на бројот на случаи на аутизам во САД снимен во последните две децении. Дополнителни истражувања покажале дека постои значајна корелација помеѓу алуминиумските адјуванси и стапката на аутизам во седум земји од Западен Балкан каде се врши истрага.
Земјите со највисоко ниво на алуминиумски адитиви во вакцините имале и највисока стапка на аутизам. Покрај другото докторката тврди дека во периодот меѓу вториот и четвртиот месец од животот кај доенчиња се развваат делови на мозокот кои го контролираат спиењето, температурата и дишењето па поради внесување на алуминиум преку вакцинирањето голем број од овие системи се оштетуваат. И покрај овие сомнежи и неодговорени прашања, децата во најголем број на високоразвиени држави се вакцинираат.
„Јас немам деца, но и да имам нема да ги вакцинирам. Вакцините се непотребни, бидејќи повеќето заразни болести се искоренети преку добра хигиена и исхрана долго пред вакцината да биде внесена во широка употреба“ вели др. Томљеновиќ.