Бугаринот Kирил Николов од Дупница се спасил од ампутација на ногата, благодарение на лекот што го добил од скопскиот хомеопат, Петар Мандалов, објави бугарскиот портал Виарањуз.
Пензионираниот рудар Николов и неговата сопруга Аниелка Николова при повторната средба ги прегрнале и ги бакнале лекарот Петар и ќерка му Ангелина Мандалова-Видеска, која е фармацевт, кои му помогнале да се излекува.
Пред една година Kирил бил на смртна постела од гангрената на стапалото кое веќе било сиво, а која ја добил поради тешкиот дијабетес.
– Во болницата на Ени Лефтеров, доктор Вардаров ме прегледа и веднаш ми рече: „Мора да сечам. Месото е скапано, мириса“. Жена ми се ужасна – раскажува Kирил.
Состојбата му се влошувала од минута во минута, кога случајно нашол телефонски број од Мандалов. Му се јавиле и веднаш тргнал кон Скопје.
– Тој ме врати во живот за само две недели. Гледав и не им верував на очите дека на распаднатото стапало почна да расте месо и кожа, како сунѓер. Немав вени, а сега вените ми се дебели како показалец. Немам зборови, можам само да ви покажам слики за да видите како изгледав, а колку сум денес среќен. Моето срце е преплавено од благодарност и сакам на целиот свет да му кажам: Луѓе, има спас дури и од гангрена. Јас имам нова нога и воскреснав за нов живот – раскажува Kирил.
Сопругата Аниелка деноноќно била покрај болничкиот кревет на сопругот и му ја чистела раната. Таа раскажува дека трагедијата почнала лани на 14 јули за време на семејната слава во чест и здравје на нивниот син, кој на тој ден преживеал тешка сообраќајна несреќа.
Петар му ја исчистил раната на Кирил. По две недели, престанало да паѓа месото кое скапувало и веќе се гледале тетивите и лигаментите. Почнало да се создава ново ткиво.
– Сево ова го постигнавме само со лекот на Петар. Отидовме во Софија за да го прегледаат лекарите. Kога му ја видоа ногата, рекоа дека стапалото ќе заздрави само со чистење. А замислете, само две недели порано сакаа да му ја сечат ногата – раскажува Аниелка.
Петар го советувал Kирила да го пие лекот седум месеци, но тој го пиел девет.
Според Аниелка, лекувањето месечно ги чини околу 100 евра. Производот е смеса од црвено вино и лековити билки. Ги заштитува крвните садови, влијае антивоспалително, дејствува како моќен антиоксиданс. Во него има невен, глог, кантарион, но ни и алкохол. За да дејствува подобро, болниот не треба да пие алкохол, да пуши, да внесува кофеин, мрсна храна и треба да премине на здрав и природен начин на живот и исхрана.
– Лекот „Артерико“ добро дејствува и за нормализирање на крвниот притисок, проблеми врзани со дијабетес и со зараснување на раните. Има луѓе што за три месеци се „бомба“, но на некои им треба подолго време. Не може 20 години да си се труел и да сакаш за три дена или три месеци да оздравиш целосно – категорична е Ангелина, која ја развила формулата на татка си во семејната лабораторија.