Home / алтернативна медицина / Хокси-терапијата лекува и внатрешен и надворешен рак? Видео/Фото

Хокси-терапијата лекува и внатрешен и надворешен рак? Видео/Фото

Хокси-терапијата е алтернативен медицински третман, промовиран како лек за рак. Третманот се состои од горечки билни пасти за надворешни видови рак и билни мешавини за “внатрешните” видови рак, во комбинација со лаксативи, млазови вода, витамински додатоци и промени во исхраната, пишува Дневник

hoxeyЛуѓето што го користеле тоникот, тврдат дека тоа ги отстранува токсините од телото, го зајакнува имунолошкиот систем и ја подобрува способноста на телото да ги апсорбира или да се ослободи од туморите. Пастите за надворешна употреба се користат за лекување рак на кожата. Тие го спречуваат неговото проширување и помогаат да се уништат клетките на ракот. Оние што го користат Хокси-третманот велат дека тој ја обновува хемијата на телото и ја враќа во нормална состојба.

Хокси-третманот е нелегален во САД, но може да се добие во Био-медицинскиот центар во Тихуана, Мексико. Некои хербалисти во Америка с` уште користат адаптирани верзии на формулата на Хокси.

ЧУДЕСНОТО ИСЦЕЛУВАЊЕ НА КОЊОТ

Терапијата Хокси првпат била рекламирана како лек за рак во 20-тите години од страна на Хари Хокси, поранешен рудар и продавач на осигурителни полиси, и на Норман Бејкер, радиоводител. Противниците го нарекувале Хокси најголемиот измамник во историјата, а неговите поборници – исцелителот, прогонуван од естаблишментот. Неговото лекување го поддржувале многу сенатори, судии, но и многу лекари.

С` почнало во 1840 година, на фарма за коњи во Илиноис, САД. Таму прадедото на Хокси, Џон Хокси, чувал коњи, од кои еден заболел од рак. По 3 недели, состојбата на коњот се стабилизирала. Неговиот прадедо забележал дека коњот јадел невообичаени билки. Во рок од една година, коњот целосно заздравил. Тогаш Џон ги помешал овие билки со веќе познати домашни лекови, кои се користеле против рак. Меѓу другото, Џон Хокси во својата книга вели дека неговата терапија има цел да ја врати физиолошката нормалност на нарушениот метаболизам во телото, со акцент на прочистување, да помогне да се отстрани отпадот од туморите.

Hoxsey2

КЛИНИКИТЕ НА ХОКСИ

Хокси првично отворил клиника во Тејлорвил, Илиноис, каде што го користел својот лек. Таа била една од 17-те клиники што тој ги отворил до крајот на својот живот.

Имал многу правни проблеми со државите во кои ги отворал клиниките, бидејќи практикувал медицина без дозвола, па затоа бил принудуван многу од нив да затвора и да ги отвора на нови локации.

Во 1936 година, Хокси отворил клиника во Далас, Тексас, која станала една од најголемите приватни центри за лекување рак во светот.

Хокси објавил неколку книги, рекламирајќи ги своиите методи и клиники вклучувајќи ги и “Вие не мора да умрете:

Чудесната приказна на Хокси за третман за рак” (1956) и добил поддршка од истакнати десничарски и конзервативни личности и фундаменталистички христијани.

ПАСТА ЗА КОЖНИ ТУМОРИ И БИЛНИ ТОНИЦИ

Хокси-билните третмани вклучуваат локална терапија со паста од антимон, цинк и крвав корен – северноамериканско растение (Sanguinaria canadensis), арсен, сулфур и талк за надворешни третмани и течен тоник од сладок корен, црвена детелина, burdock корен, корен Stillingia, жолта шипка, Cascara, кора од бодлива пепел, buckthorn кора и калиум јодид за внатрешна употреба.

hoxy terapija rakОсвен билките, третманот на Хокси вклучува антисептички промивања, лаксативи и додатоци во исхраната. За време на третманот, пациентите треба да избегнуваат домати, оцет, свинско месо, алкохол, сол, шеќер и производи од бело брашно.

Компонентите на тоникот зависат од тоа кога тој бил направен и за кого е направен. Внатрешните и надворешните дози варираат во зависност од пациентот и дали туморот е во внатрешноста на телото или на кожата.

Во 2005 година, цената на третманот со Хокси-терапијата во Био-медицинскиот центар во Тихуана, Мексико, чинел меѓу 3.900 и 5.100 долари. Во цената не се вклучени препорачаните додатоци во исхраната и контролни посети во наредните 3 години.

НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

* Пастата за надворешна употреба треба внимателно да се употребува, бидејќи може да предизвика изгореници и лузни на кожата.

* Оралниот третман може да предизвика:
– гадење
– повраќање
– дијареа
– анксиозност
– тремор
– стомачни грчеви
– срцев блок
– Pokeweed може да предизвика смртни случаи кај деца

– Црвената детелина може да го зголеми ризикот од крвавење кај луѓето што земаат антикоагуланси. Таа исто така го имитира однесувањето на хормонот естроген, а со тоа е непогоден за жени со карцином на дојка.

ФОРМА НА ШАРЛАТАНСТВО?

Досега нема рецензирани медицински или научни истражувања, кои би овозможиле заклучоци за ефикасноста на терапијата. Био-медицинскиот центар во Тихуана, Мексико, тврди дека стапката на успех на третманот е од 50 до 85 отсто, иако овие бројки не се независно оценети.

Американското здружение за рак и Националниот институт за рак не советуваат употреба на Хокси-терапијата, бидејќи не нашле какви било објективни докази дека третманот обезбедува реална придобивка за луѓето со рак. Memorial Sloan-Kettering Cancer Center и MD Anderson Cancer Center не нашле докази дека терапијата Хокси е ефективна како третман за рак. Контролиран експеримент на лабораториски глувци не нашол никакви разлики во растот на туморот меѓу нелекувани глувци и тие на кои им бил даден Хокси-тоникот.

hoxseyЕдно истражување на Американската агенција за храна и лекови (ФДА), во кое учествувале 400 луѓе што тврделе дека се излекувале со Хокси-методот, откри дека многу од пациентите всушност никогаш немале рак или дека добиле успешен медицински третман на друго место, пред да бидат третирани со терапијата Хокси.

Во 1957 година, група од Универзитетот Бритиш Колумбија ја посети мексиканската клиника Хокси, каде што добиле податоци за 71 канадски пациент што биле на овој третман. Истражувачите од Универзитетот утврдиле дека: Кај повеќе од една половина од пациентите со рак што се лекувале со овој третман, резултатот бил или смрт или прогресија на болеста. Кај речиси една четвртина не нашле доказ дека пациентите имале рак. Речиси еден од десет пациенти имале третман пред да дојдат на Клиниката Хокси. Само во еден случај на надворешен рак, нашле докази дека Хокси-третманот имал ефект врз болеста. Објавиле дека пациентот со рак на кожата на увото, со третманот Хокси добил малформации на лицето, кои можеле да се избегнат со стандардна хируршка ексцизија.

Продажбата и маркетингот на Хокси-методата ФДА ги забрани во САД на 21 септември 1960 година како “безвреден и дискредитиран лек” и форма на шарлатанство.

Во 1967 година, Хокси добил рак на простата, што не можел да го излечи со својот третман. Бил подложен на операција и стандарден медицински третман. Починал седум години подоцна, во 1974 година.

HOXSEY CANCER FORMULA 001

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top