Пристигна ново откритие кое ќе го олеснува процесот на заздравување на раните. Ханзапластот кој свети флуоресцентно зелено ако раната не заздравува ќе биде нова омилена играчка на докторите. Промената на бојата се предизвикува поради нивото на кислород во раната.
На потешките рани, чирови и изгореници им треба дополнително ниво на кислород за да го стимулира растот на новото ткиво. Крвните садови во кожата го носат кислородот до раната, но често се оштетени поради повредата при што се ограничува протокот на крв и заздравувањето трае подолго
Научниците од општата болница во Масачусетс и универзитетот Харвард, се собраа за да го развијат овој револуционерен ханзапласт кој може да им покаже на докторите до каде е процесот на заздравување. Ако процесот не заздравува тогаш пациентот може да подлегне на операција за отстранување на оштетеното ткиво, за да се направи место за раст на ново ткиво.
Ханзапластот се состои од фосфор, мали молекули кои се употребуваат за производство на флуоресцентни бои. Тие ја апсорбираат светлината, ја собираат и ја испуштаат по одредено време. Молекулите во фосфорот реагира на промените на нивото на кислород. Ако нивото е добро, ханзапластот останува проѕирен, но ако светка зелено, тогаш значи дека има недостиг од кислород.
Сепак, потребни се понатамошни тестирања, но се претпоставува дека ќе почне да се применува за две до три години.