Home / природен лек / Грав – добар за за бремени жени, болни од дијабет, штити од рак на дебелото црево

Грав – добар за за бремени жени, болни од дијабет, штити од рак на дебелото црево

Иако го има на нашите трпези од дамнешни времиња, дури неодамна гравот го доби заслуженото внимание благодарејќи на се поголемата популарност на здравата исхрана. Навистина можеме да кажеме дека гравот е суперхрана бидејќи содржи диетални влакна, протеини и антиоксиданти.

pasulj1Гравот има исклучителна енергетска вредност, а ги содржи и скоро сите есенцијални аминокиселини. Покрај тоа, содржи и лецитин, но и минерали како калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум. Претставува одличен извор на протеини, а за разлика од другите извори на протеини, гравот има многу малку масти, не содржи заситени масни киселини, ниту пак холестерол.

Исто така, гравот е и одличен извор на диетални влакна кои допринесуваат за создавање на чувството на ситост, притоа одржувајќи го стабилно нивото на шеќер во крвта. Гравот содржи и витамини и тоа фолна киселина, тиамин, пиридоксин (Б6), витамин К, рибофлавин (Б2), пантотенски киселини и ниацин (Б3).

gravТокму поради споменатите вредности, гравот исклучително поволно делува на нашето здравје. Го намалува холестеролот, го регулира шеќерот во крвта и производството на инсулин бидејќи има низок глихемиски индекс и сложени јаглехидрати кои се варат полека, добар е за здравјето на системот за варење и штити од рак, особено од рак на дебелото црево.

Со оглед на тоа дека сите видови на грав (бел, зелен, црвен, црн…) содржат многу малку маснотии и калории, се препорачува да се конзумира почесто, а ова особено важи за луѓето кои страдаат од дијабетес и за оние кои сакаат да ја регулираат својата телeсна тежина.

Гравот докажано го намалува и ризикот од срцеви болести поради ниска содржина на масти, и пред се на заситени и транс-масти. Гравот изобилува и со фолна киселина која е исклучително важна за бремените жени, а поволно делува и на менталното здравје поради витаминот тиамин кој учествува во производството на енергија и во синтезата на ацетилколин, невротрансмитер за памтење.

Migusto

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top