Им дозволија на научници во Велика Британија да модифицираат генетски човечки ембриони за прв пат во историјата. Ова веќе е можно, откако беше издадена лиценца, соопшти Индипендент.
Дозволата е дадено за промена на ДНК на ембриони во првите седум дена по оплодувањето.
Останува нелегално за научниците да ги имплантираат променетите ембриони во жените, но одлуката претставува огромна пресвртница во користењето на револуционерна технологија позната како CRISPR-Cas9.
Научниците веќе ќе можат да влегуваат во човечкиот геном, да изолираат одделни сегменти на ДНК и да се истражуваат како тие придонесуваат за растот.
Седумдневниот ембрион има само 250 клетки и голем процент од нив се апсорбирани во плацентата, наведува англиското издание.
Методот CRISPR е познат како генетско уредување и беше определено како најважно научно откритие за 2015 година од американското списание “Наука”.
Целта на оваа технологија е научниците да можат да “поправаат” дефектен ген.