Home / Болести и лечење / Главоболка, гадење, суво грло, умор, расеаност – симптоми од работа во ,,болна зграда“

Главоболка, гадење, суво грло, умор, расеаност – симптоми од работа во ,,болна зграда“

За голем број здраствени проблеми одговорни се болните и нездрави згради каде што луѓето работат, живеат и го поминуваат слободното време. Синдромот на болна зграда е релативно нов концепт, кој датира од шеесетите години, една деценија подоцна е дефиниран и потврден од страна на Светската здраствена организација.

thumbs_trauma-services-officeИмено установено било дека дури третина од новите згради, не се добри по здравјето, односно дека изградбата е како затворена кутија, во која не може да се отворат прозорите. Таквото опкружување довело до низа симптоми за кои не можело да се пронајде причината.

Интересно е тоа што овие симптоми, кои се манифестираат во благи или потешки форми, исчезнуваат по извесен период и тоа веднаш по излегувањето од затворениот простор.

За какви згради станува збор и какви се негативните симптоми кои можат да бидат предизвикани од ваквите простори, објаснува специјалистот по хигиена Јелена Живојиновиќ од Институтот за хигиена и медицинска екологија на Медицинскиот факултет во Белград.

За појава на синдромот на болна зграда, одговорни се бројни хемиски, биолошки и други фактори кои негативно влијаат на здравјето на луѓето кои живеат во тие згради. Во повеќето случаи, ваквите простори се канцелариски згради, трговски центри и други затворени простори во кои луѓето го минуваат слободното време. Обично во домовите се минува 65% од времет, на работно место, 25%, а преостанатото време луѓето го минуваат во трговски центри, кафичи, превоз и др. Практично речиси немаат никаков контакт со природното опкружување.

За каков вид на симптоми станува збор?
08_employees_window_51248„Се работи за симптоми кои се јавуваат првенствено кај вработените кои голем дел од времето го минуваат на работно место во неадекватни услови. По извесно време, таквите лица почнуваат да чувствуваат главоболка, гадење, вртоглавица, имаат иритација на очите, носот, како и суво грло.

Кожата им станува сува, попратена со чешање, уморни се, расеани, имаат проблем со концентрацијата, покажуваа алергиски реакции со чувство на општа слабост. Тоа често се случува кај луѓето кои не знаат како да им ги објаснат симптомите на лекарите. Специфично е да за ваквите симптоми, не постои конкретна причина, туку во прашање е поголем збир на причини“.

На работното место, изгледа тоа посебно е нагласено?
„Синдромот на болна зграда првенствено се однесува на канцелариските згради, бидејќи во нив најчесто има неквалитетен воздух и слаба вентилација.

kancelarija kompjuterМоже да биде присутна и ниската влажност, како и високата температура или осцилација на температурата во текот на денот. На појавата на симптомите карактеристични за нездравите згради може да влијае и прашината, влакната од тепихот, или габични спори, ниската хигиена, средствата за дезинфекција, чадот од тутунот, јаглерод диоксид, радон, озон и др.

Не смее да се занемери и слабата светлина, особено ако тоа доведе до замор на очите и почесто треперење. Можеби за тоа не сме свесни, но окото тоа го регистрира.

Ова е особено важно за лицата кои седат пред компјутер. Треперењето на флуирисцетно осветлување може да се избегне. Постојат специјални светилки кои можат ова да го неутрализираат. Присуството и работата на машината за фотокопирање и печатачите исто така можат да влијае на синдромите на нездрави згради, како и постојаниот стрес.

Што е со хемиските загадувачи?
rabota stresНа нив исто така треба да се обрне внимание. Меѓу нив особено е опасен формалдехидот од дрвната и текстилната индустрија, кој е присутен во теписите, боите кај мебелот, ивериците и др.

Постојаната изложеност на оваа супстанца ја иритира слузницата на респираторниот тракт и во понатамошниот тек може да предизвика болки во градниот кош, како и појава на астма. Во секој случај, за формалдехидот треба да се води сметка, затоа што тој припаѓа во групата на канцерогени. На пример, по неколку години може да исчезне од теписите или други парчиња на канцелариски мебел, кои предизвикуваат одредени симптоми кај вработените и никој да не се посомнева во причината.

Што треба да направат врабтените во такви околности?
Теписите, тапетите и другите нездраво парчиња на мебел по можност треба да се отстранат и често да се проветрува просторијата и да се практикуваат паузи од пет до десет минути. Доколку се работи на комјутер, овие паузи да се користат секој саат време.

parkОсвен тоа важно е правилното седење и внесување на храната поради работата на кондицијата за да се одржи високото ниво на енергија. Од друга страна, имајќи го во предвид ритамот на живот и условите на работното место кои подразбираат се подолг престој во затворен простор, треба секогаш кога ќе ни се оствари можност, што повеќе време да минуваме во природа.

Освен тоа секако би требало за себе да го пронајдеме најоптималниот вид на физичка активност, која не само што е превентивна мерка за појава на многу болести, но исто така е значајна за подигањето на целокупната психичка состојба. Добро ментално здравје претставува совршена бариера за секој вид на стрес, особено работното опкружување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top