Home / аларм / Ги трујат децата – опасни метали најдени во млекото за бебиња на Aptamil, Hipp Organic и Cow and Gate

Ги трујат децата – опасни метали најдени во млекото за бебиња на Aptamil, Hipp Organic и Cow and Gate

Трагови на метали во млекото се најдени во некои од водечките производители на млеко за новороденчиња. Металите се неколку пати  повисоки од она што е законски дозволено во водата. Производите во кои се пронајдени загрижувачки количини на алуминиум се Aptamil, Cow and Gate и Hipp Organic

aptamil

Најмногу алуминиум е пронајден во млекото на база на соја, објавија лондонски медиуми.

Во анализата е потврдено дека млекото од соја за бебиња содржи и до 100 пати повеќе алуминиум од мајчиното млеко што може да предизвика здравствени проблеми во подоцнежниот развој.

Трагата на металите во млекото на некои од водечките производи во Велика Британија неколку пати се повисоки отколку што е законски дозволено. Производите во кои се пронајдени загрижувачки количини на алуминиум се се Aptamil, Cow and Gate и Hipp Organic.

Според истражувањата, кои се објавени во списанието BMC Pediatrics, алуминиумот се поврзува со невролошки нарушувања, коскени дефекти и деменција.

hip-organik

Производителите тврдат дека не додаваат алуминиум во прехранбените производи, но најчесто се спакувани во алуминиумска фолија, а можат да се најдат траги од алуминиум во храната која се обработува.

На пример, природно се наоѓа во растенијата од соја поради киселата почва каде што расте.

Експертите ги повикуваат производителите да го намалат процентот на алуминиум кој завршува во млекото за доенчиња, а родителите да ги купуваат производите без да се грижат.

“Знаеме многу за алуминиумот, но сѐ уште не знаме кои катастрофални последици тоа може да има врз човековото тело”, вели водечкиот истражувач Крис Ексли.

Тој додаде дека не може да разбере како тој метал во такви количини завршува во млекото.

/BMC Pediatrics/Daily Meil

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top