Home / сведоштва / Галерија: Божји храм во Македонија со икона која прави чуда

Галерија: Божји храм во Македонија со икона која прави чуда

Ова е местото во кое ќе го најдете својот спокој, ќе ги слушнете сопствените молитви. Манистирот Богородица Чудотворна е божјиот храм во земјава, велат посетителите.

man7

На патот од Кичево кон Демир Хисар, токму овде ќе ви запре здивот за миг. Многубројни се случаите во кои луѓе нашле решение за своите здравствени проблеми откако престојувале во некој од манастирите посветени на Мајката Божја. Таквите приказни се речиси секојдневни во овој манастир.

Курир разговараше со свештените лица кои ни раскажаа неколку стории кои ја потврдуваат божјата сила која ја донесува овој манастир.

Токму тука доаѓаат луѓе од целиот свет. Сите имаат различен проблем. Најчесто, овде преноќуваат парови кои неможат да добијат дете. Но голем е бројот и на оние кои доаѓаат да се помолат за здравје, болни и изнемоштени.

Молитвата се кажува тивко во себе, а се создава чувство дека некој те слуша.

Во овој манастир е иконата позната како “икона која прави чуда“. Овој назив го добила од лицата кои токму таму пронашле мир и решение за својот проблем. Од прекрасниот манастир излегуваат насмеани лица на оние кои дошле со спуштени глави. Во моментов се работи на нови конаци и доразубавување на ова свето место.

галерија  – Курир

man2

man

man3

man4

man5

man6

man7

man8

man9

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top